Skip to main content

Цветен Охрид по втор пат

Втор ден, втора година по ред, во рамките на неделата на животната средина, што ја организира Општина Охрид, и денеска голем број Охриѓанија добија жардињери со петунии и импатија, со цел разубавување на нивните балкони. Интересот за акцијата огромен, но за жал и некултурата кај нашите сограѓани.

 |  Татјана Маленкова  | 
delenje cveke
делење цвеќе

delenje cvekeВтор ден, втора година по ред, во рамките на неделата на животната средина, што ја организира Општина Охрид, и денеска голем број Охриѓанија добија жардињери со петунии и импатија, со цел разубавување на нивните балкони. Интересот за акцијата огромен, но за жал и некултурата кај нашите сограѓани.

„Покрај тоа што направивме списоци се потрудивме организацијата  да  биде добре, сепак се направи огромен неред“, вели Јасмина Момироска.

„ Граѓаните доаѓаат со документи за идентификација лична карта или пасош. На секој кој што дојде му даваме по две жардињери, меѓутоа доаѓаа со повеќе лични карти сакаа да замат повеќе се трудевме да направиме селакција, да не се повторуваат граѓаните и се направи вистински хаос буквално грабаа од жардињерите и неможевме да контролираме кој што зема“, истакна Јасмина Момироска, од одд. за животна средина на просторно планирање при локалната самоуправа.

delenje cvekeСо годинешната aкција вкупно беа поделени 500 жардињери во два дена со петунии  и импатија. Изнанадува покажаната ниската култура на граѓаните, затоа што  кога би се вреднувале жардињерите, испаѓа дека караниците се отприлика за 100 тина денари по жардињера.

„ Акцијата е во рамките на неделата за подигнување на светса на животната средина. Акцијата е повеќе од успешна, но мора да размислиме да го промениме начинот на кој ќе се делат цевеќиња“, додаде Момироска.

Од локалната се категорични дека акцијата ќе ја продолжат и во иднина, но добро ќе размислат како.

Инаку годнешната акција акција за Цветен Охрид ги опфати жителите кои живеат на улиците: „Даме Груев“„Јане Сандански“, “Питу Гули“ ; „Марко Нестороски“ ; „7-ми Ноември“ ;„Васил Главинов“ ; „Крсте Мисирков“ ; „Кузман Шапкарев“;„Богомилска“ ; „Ѓорче Петров“ и „Караорман.

Цвеќињата кои се делеа се од расадникот на ЈП Охридски Комуналец.

{loadposition content9}