Skip to main content

ОО на Црвениот крст спроведе уште една успешна крводарителска акција

ОО на Црвениот крст и Сава Табак осигурување организираа заедничка крводарителска акција. Одзивот на Охрѓани огромен. Тие и овој пат покажаа дека се хумани и дека се редовни посетители на овие акции.

 |  Татјана Маленкова  | 
daruvanje krv
дарување крв

daruvanje krvОО на Црвениот крст и Сава Табак осигурување организираа заедничка крводарителска акција. Одзивот на Охрѓани огромен. Тие и овој пат покажаа дека се хумани и дека се редовни посетители на овие акции. „Заедничката акција која ја спроведуваме со Сава Табак е добар пример и за останатите компании за тоа како треба да му помагаат на населението“, вели секретарот на ОО на Црвениот крст, Антонио Додевски.

„ Повод за оваа акција е која ја организираме во пресрет на светскиот ден на крводарителството 14 јуни и воедно денот на Сава Табак. Охриѓани се хумани и покрај се граѓаните успеваат на секој начин да помогнат“, вели Додевски.

И претставникот од „Сава табак“, презадоволен од крводарителската акција. „Ова е прва крводарителска акција во Македонија спонзорирана од нашата осигурителна компанија, која во иднина ќе стане тредиционална“, вели претставникот од Сава Табак, Ристана Николовска.

Сава Табак пред шаторот на Црвениот крст имаше поставен штанд на кој посетителите можеа да се инфомираат за услугите кои ги нуди оваа осигурителна компанија. Тие како покровители обезбедија подароци за сите крводарители, но не само за нив, подароци добија и сите посетители на штандот на  Сава Табак.

И од ОО на Црвениот крст и од Сава Табак најавуваат дека соработката продолжува и дека акцијата ќе стане традиционална.

Не денешната акција беа собрани 43 единици крв, бројка што е и повеќе од задоволувачка, со оглед на фактот дека акцијата се спроведе во работен ден.


{loadposition content9}