Skip to main content

Омбудсманот против тортурата и дискриминацијата

Условите во затворите, казнено-поправните домови и психијатриските болници, дури и во полициските станици во Република Македонија се далеку под посакуваните.

 |  Крсте Голабоски  | 
regionalna konferencija na ombudsmani
регионална конференција на омбудсмани

Со години, омбудсманот во нашата земја, детектира нечовечни услови за жиеење во затворите, казнено поправните домови како и психијатриските болници. Што се однесува до полициските станици пак и покрај веќе преземените мерки за подобрување на условите во нивните одделениа за притвор, треба уште многу да се преземе. И тоа покрај во решавањето на инфраструктурните проблеми во овие установи, соодветни акции треба да се превземат посебно уште и во насоката на подобрување на однесувањето на полициските службеници, нивната доедукација или реедукација. Нашите извештаи говорат дека овие појави, како што е тортурата, понижувањето и нечовечното однесување ги има, вели Иџет Мемети, Народен правобранител на РМ.

regionalna konferencija na ombudsmaniМемети додава дека државата мора повеќе да вложи во создавањето на инструментите кои може да помогнат во борбата со овие појави, додека онаму каде веќе ваквите појави се детектирани, мора да се бара одговорност за оние кои истите ги предизвикале. На денешната регионална конференција на омбудсманите во Охрид, на која во организација на мисијата на ОБСЕ, народните правобранители од регионот дискутираа за овие проблематики, Амбасадорот на мисијата Ралф Брет, потенцира дека нивната улога како организатор е поголема едукација на населението за овие појави и секако превенција од нив.

Историјата памети моменти кога лицата лишени од слобода, биле сурово третирани и чувани во екстремни и нечовечки услови, во објекти во кои ја отслужувале нивната казна. Сепак мора да сфатиме дека нивото на совест од потребата за почитување на нивните права, во голема мера зависи од тоа колку е развиено едно општество. Денес општите услови во ваквите места, служат како вистински показател за тоа колку е демократско нашето општество, и дали воопшто се почитуваат човековите права и слободи. А, првите извештаи за тортура од овие институции кај нас почитувани, ни оддалеку не се розови.

{loadposition content9}