Skip to main content

Летен училишен спортски камп во Охрид

Летен училишен спортски камп во Охрид. Дел од него се 80 тина деца кои постигнале солидни резултати во сите спортови на ниво на основните и средни училишта во Македонија. Во склоп на кампот денеска напознатиот најдобриот стрелец на сите времиња од  Македонија, Бранимир Јованоски, во стрелачкиот клуб одржа предавање.

 |  Татјана Маленкова  | 
strelci
стрелци

Летен училишен спортски камп во Охрид. Дел од него се 80 тина деца кои постигнале солидни резултати во сите спортови на ниво на основните и средни училишта во Македонија. Во склоп на кампот денеска напознатиот најдобриот стрелец на сите времиња од  Македонија, Бранимир Јованоски, во стрелачкиот клуб одржа предавање. Јованоски кој е едниствениот носител на злато за Македонија на олимпијадата во 1992 год. во Барселона и добитник многу други награди на европски и светски натпревари, но и селектор и тренер на репрезентативците кои настапуваа на параолимписките игри на идните македонски надежи се обиде да им каже што е тоа што треба да ги натера да се занимаваат со спорт.

„Драго што сум дел од кампот и што се дружам со нашите спортски надежи. Посебно сум горд кога гледам доста млади дечиња кои почнуваат да се враќаат кон стралштвото кое пред 30 тина година имаше убав развој во Македонија“, вели Јованоски.

„ Стрелаштвото како спорт овозможува пред се развој на ментална силина и спорт кој на децата им дава можност покрај тоа што го даваат како кардиоваскуларно вредности да го зацврстат својот карактер, да го изградат позитивно карактерот и да станат позитивни личности во општетсвото“, вели Јованоски.

Тој додава дека врвниот спорт нуди и можност гордо да ја претставувате својата држава. Секој од спортистите копнее да се изгради во еден спортист кој ќе ја претстставува својата земја, а со тоа да добие можност да освои медал и гордо да застане на химната и под знемето на својата држава. „Тоа е и одговорност бидејки треба да изградите како личност препознатлива и чесна, но истовремено ви нуди и можности со самото тоа и да пропатувате“, додава Јованоски.

На прашањето дали Македонија има талентирани дечиња Јованоски категоричен дека „Македонија од секогаш имала таленти, проблемот е лошата финасиската состојба на клубовите но и во спортот воопшто во Р Макдонија, додава тој.

strelciНа летниот камп кој е во организација на министрството за образование и агенцијата за млади и спорт учествуваат деца кои постигнале солидни резултати во сите спортови на ниво државава. За жал случајно или намерно организаторот заборавил да ги покани охриѓанчиња, кои кога се работи за стрелаштво се повеќе од успешни. На нив се сети денеска кога требаше да пополнат место на предавањето.

„Јас мора да изразам жалење што и покрај тоа што се најуспешни во Македонија пионерите и јуниорире не беа поканети. Еден апел, следните години да бида повикани и нашите стрелци. Ми рекоа дека бил направен превид и дека професорите по физичко образование ги правеле списоци, што не се сложувам затоа што пред две години лично јас добив допис од федерацијата на Македонија за стрелаштво кога остваривме солидни резултати“, вели Гоџо.

И покрај пропустот на организаторот на кампот, Гоџо вели дека мотивот на стралачкиот клуб на опаѓа и дека како и досега тие ќе продолжат со нижење на успеси.

 {loadposition content9}