Skip to main content

Факултет или хотел?

Земена е мерка за нов хотелско угостителски комплекс. Тој треба да никне кај веќе постоечкиот ФТУ „Св. Климент Охридски“.

 |  Билјана Николоска  | 
ftu
ФТУ

FTUВонредна седница на деканатската управа на ФТУ. Измените на деталниот урбанистички план на градот Охрид, ги крена на нозе универзитетските професори, во одбрана на својата институција. Во очи на 40 годишниот јубилеј од постоењето на факултетот жално е да се зборува за разградување и уништување на една институција која е заштитен знак на градот, изјави деканот на факултетот Сашо Коруноски. Тој додава, дека ова произлегува од сознанијата оти Советот на општина Охрид во среда на 29 ти јуни на дневен ред на седницата коако точка го има нацрт на деталниот урбанистички план за локацијата каде што се наоѓа факултетот.

FTU„Имено, според важечкиот урбанистички план нашата локација е со намена за образование и наука. Со предложениот нацрт на деталниот урбанистички план УЗ 2 се врши пренамена на локацијата на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, од образование и наука во времено сместување. Сакаме да потенцираме дека ваквата интенција не е прв пат во изминатиов период, напротив предлагачот на ДУП беше претходно запознаен со ставовите на Факултетот“.Со ова што е предвидено со ГУП хотелскиот комплекс не мора да значи да се дислоцира факултетот. Тој може да си работи и понатаму бидејќи се на сопствено земјиште и во сопствена зграда, освен доколку сами не сакаат да се дислоцираат. Ова е дел од ставот на Локалната самоуправа во врска реакцијата на деканатската управа, поточно од Секторот за урбанизам.

Од  ФТУ од Охрид сметаат дека предлагачот на планот, односно општина Охрид понудила решение спротивно на сите меѓународни стандарди и норми за лоцирање на Факултети за туризам. Деканот на факултетот рече дека ќе ги употребат сите правни средства за заштита на интересите на Факултетот и Универзитетот во целина. Коруноски дециден дека не прифаќаат никакво решение кое се однесува на дислокација на факултетот.

{loadposition content9}