Skip to main content

Mерки за заштита на инфо пултовите

Завршени се сите постапки за поставување  на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски.

 |  Валентина Нелоска  | 
touch screen
touch screen

touch screenЗавршени се сите постапки за поставување  на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски.

Тоа е планирана активност на Локалната самоуправа  за помош на сите заинтересирани во туризмот. Симоноски додава дека со ова ќе се надмине досегашната грда слика на „чекачи“ на туристи, а посетителите на современ начин ќе доаѓаат до информации. За заштита на инфо пултовите од нашиот добро познат вандализам се преземени неколку  мерки. „Дополнително поставивме стакло од 9 мм дебелина отпорно на удари , секој инфо пулт има поставена камера која снима 24 часа, а имаме и дополнително осигурување“, информира Симоноски.

Течат последните подготовки за поставување на најавуваните  инфо центри на неколку локации во градот.Се предвидува да се постават во центарот на грaдот кај Летница, и на влезот на Булевар Туристичка.  Со нивното поставување се доцнеше заради изборниот процес и дополнителните мерки кои се преземаа за нивната заштита вели, раководителот на Тлер Гоце Симоноски.

Покрај овие инфо центри се планира да се постават уште два на преостанатите два влеза во градот, од  приодите од  Битола и од Албанија. Туристите ќе доаѓаат до информации за сместување и користење туристички улуги при влезот во Косел и  Пештани.

{loadposition content9}