Skip to main content

Пет години интервентна кардиологија во Охрид и региoнов

Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид, со гордост го одбележа овој мал јубилеј. Извршена и пет илјадитата интервенција кај  лица со срцево садови заболувања, а се наоѓаат во животозагрижувачка состојба.

 |  Крсте Голабовски  | 
d-r Bakraceski
Д-р Бакрачески

jubilejОдбележан мал, но многу значаен јубилеј за развојот на интервентната кардиологија во Охрид и регионов. Станува збор за плод на долгогодишните напори на една плејада здравствени работници, кои беа ангажирани во развојот на овој проект, се тоа со единствена крајна цел, обезбедување на поквалитетна нега на пациентите со срцево садови заболувања од југозападниот регион на Македонија. Директорот на оваа здравствена институција, Д-р Никола Бакрачески истакна дека отворањето на овој оддел значеше поквалитетна услуга за пациентите кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања и истовремено справување со најважниот предиктор на преживување на пациентите со животозагрозувачки состојби, а тоа е факторот време.

Директорот на Заводот информира дека до крајот на август годинава ќе биде монтиран и новиот ангиографски апарат, кој ќе овозможи изведување на покомплексни процедури, кои пак ќе придонесат за зголемување на волуменот на работа на оваа институција. Заводот подготвува и поголем проект кој во голема мерка ќе придонесе за подобрување на третманот на кардиоваскуларните болести, а тоа е воведување на методата за перкутална имплантација на аротна валвула. Со овој метод вели Д-р. Бакрачески кај пациентите кои имаат најтежок вид заболувања на аортната валвула и кои се иноперабилни, сега ќе може оштетената валвула да биде заменета со вештачка и тоа, иноперативно односно без операција преку кожата. Но ова не е се, најавува директорот на Заводот.

„Тука нема  да застанеме, правиме напори да обезбедиме поголем простор, па во во тек се подготвителните работи околу трансферот во просториите на поранешната детска специјална болница, со што во голема мерка ќе се зголемат перформансите на нашата установа“, вели Д-р Бакрачески.

Што се однесува до пациентите кои во периодот од овие пет години се лекувале во Заводот, Д-р Бакрачески вели дека најголемиот број од нив се од македонија и тоа над 90%, додека мал број околу 3-5% се од странство. Персоналот пак продолжува да биде една од примарните грижи на заводот. На самиот почеток, одделението за Интервентна кардиологија имало само еден доктор интервентен кардилог и 3 сестри, за да денес има 5 доктори, 3 рендген техичари и двајца болничари. Ова петгодишно достигнување, не е резултат само на заложбите на оваа институција, туку станува збор за ставање во погон на еден комплексен систем, составен од интерните одделенија на здравствените установи, здрвствените домови како и единиците за брза помош и матичните лекари.

{loadposition content9}