Skip to main content

Полските туристи пристигнаа и во Охрид

Скоро како по навика и тие воодушевени од она што го нуди нашиот град, но и Македонија воопшто. Групата се состои од полски туроператори и новинари кои нема само да ја разгледуваат земјата, туку ќе направат и серија репортажи за Македонија. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот задоволни од нашата презентација пред полските туристи.

 |  Мишел Наумоски  | 
polski turoperatori
полски туроператори

polski turoperatoriМакедонската туристичка понуда стигнува се подалеку. Денес во Охрид пристигна групата Полски туристи кои веќе неколку дена се во државава. Групата која е составена од полски туроператори и новинари не доаѓа само за разгледување туку има и своја мисија, а тоа е претставување пред полскиот народ и промоција на нашата земја. Претставниците од полските туроператори велат дека народот на Полска со сигурност ќе биде воодушевен од благодетите кои може да ги понуди нашата земја на туристичкиот пазар.

„Прво би сакал да ја искажам нашата благодарност за поканата од Македонската влада и ние имаме една фантастична можност да ја видиме оваа убава земја. Македонија е многу интересна држава за Полскиот народ. Ова е нова земја, затоа што сега сакаме да им ја откриеме Македонија на полскиот туристички пазар. Македонија е многу интересна земја, има интересна понуда, интересни пакети и тури и различни туристички сегменти.“-вели Јан Корсак-Претседател на Полската туристичка комора

Покрај туроператорите од Полска пристигнаа и полски новинари кои ќе помагаат во промоцијата на нашата држава во Полска. Тоа ќе го направат на еден интересен и автентичен начин кој треба да ги приближи убавините на нашата земја до полската публика.

„Ќе направиме неколку репортажи за утринската програма наречена Кафе или чај која се емитува помеѓу 6 и 8 часот наутро. Ќе има неколку репортажи за Македонија, за туристичките атракции, за луѓето, за нивните погледи, историјата и таканатаму. Значи ќе има неколку репортажи на нашата телевизија.“-рече Павел Јеж-новинар од Полска

Серијата репортажи од Македонија кои ќе бидат прикажани во Полска, а кои во дел ќе се однесуваат и на Охрид ќе содржат неколку интересни и карактеристични туристички локации, како Музејот на вода, но ќе биде подготвено и убаво сценарио кое ќе ја раскажува приказната за охридскиот бисер. Агенцијата за промоција и подршка на туризмот беше дел од тимот кој успешно се претстави пред Полската публика.

Strezoski„Ние како агенција за промоција на туризмот, во нашата стратегија на анимирање и отворање на нови пазари за македонскиот туризам ќе ја имаме честа да овие денови тука биде делегација на туроператори и новинари од Р.Полска кои се на едно прво разгледување и обиколка на се она што Македонија може да го понуди од аспект на туризмот.“-рече Зоран Стрезоски-Директор на агенција за промоција и подршка на туризам

Стрезоски додаде дека очекуваат во Македонија да пристигне вкупна бројка од околу 6000 полски туристи или некаде околу 24.000 ноќевања, но и дека следната година тие очекуваат двојно поголем број на туристи.

{loadposition content9}