Skip to main content

Старите пропусти на болничкиот блок ќе ја поскапат реконструкција

Десет месеци од започнување на реконструкцијата на дел од болничкиот блок, работите се одвиваат со полна пареа, информира директорот на Општа Болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој додава дека градежните зафати се во полн ек.

 |  Валентина Нелоска  | 
rekonstrukcija bolnica
реконструкција болница

rekonstrukcija bolnicaДесет месеци од започнување на реконструкцијата на дел од болничкиот блок, работите се одвиваат со полна пареа, информира директорот на Општа Болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој додава дека градежните зафати се во полн ек.

„Непотребно во чаршијата се создава тензија дека на болницата ништо не се работи. Болницата се работи со планираниот тек кој што го има изготвено проектната единица, истакнува д-р Арнаудов.

Директорот појанува дека станува збор за стар објект кој при сегашната реконструкција покажал низа пропусти  во поранешната изградба, а кои  сега мора дополнително да се санираат и отстранат.

„Во самото  рушење на болничкиот блок излегопа непланирни работи кој ги изненади проектантите и изведувачите. Заарди поголема безбедноста на објектот   мораше да се изготват нови елаборати, по нови европски стандарди  карактерристични за 21 век. Сега сите  работи се на свое место, планот е донесен  и се работи според него“.

Обновата на овој  дел од болничкиот комплекс требаше да заврши за околу 16 месеци. Сега со новите дополнителни, а претходно непланирани работи за реновирањето, ќе требаат двојно повеќе пари од  одобрените 2 милиони 730 000 евра, буџетски средства од владата и од Светската банка за развој.

Новата ситуација ќе ја  пролонгира и реконструкцијата за најмалку  три месеци.

{loadposition content9}