Skip to main content

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против.

 |  Татјана Маленкова  | 
dup
дуп

FTUНаводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против.

„Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна околу целокупниот процес за да се избегнат евентуални проблеми. Второ е што увидовме дека во деталниот урбанистички план на местото на сегашниот факултет за туризам и угостителство е  вцртана дефиниција А4 што подразбира времени објекти и хотели што значи многу тешко ќе се објасни што всушност се сака тука или се сака дислокација на самиот објект.

И најважно прашање што донесе најмногу забуна што деновиве од локалната видовме неартикулирани изјави од локалната самоуправа што можат да донесуваат план за тоа кој сака може да се дислоцира или не“, вели Паноски.

Паноски додава дека не реагираат само за измените кај факултетот туку за целиот детален план затоа што како што вели во целата зона се предвидени згради со поголема катност што значи оптеретување на централното и крајбрежно подрачје. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ со оваа реакција доцни цели три години. Се наметнува прашањето зошто советничката група на ВМРО ДПМНЕ не реагираше во 2008 год кога се носеше генералниот урбанистички план за Охрид и не ја искористи единствената шанса на овој потег да спречат изградба на хотели и градби со повисока катност.

„ Ние реагираме во моментот сега кога пред советниците се наоѓа нацрт деталниот урбанистички план и реагираме по него“, вели координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Од локалната самоуправа се категорични дека се што е проектирано согасно нацрт деталниот урбанистички план е во согласност со законот. „

Со ова што е предвидено со ГУП – хотелскиот комплекс не мора да значи да се дислоцира факултетот. Тој може да си работи и понатаму бидејќи се на сопствено земјиште и во сопствена зграда, освен доколку сами не сакаат да се дислоцираат, вели раководителот на  секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој.

Арнаудов додава дека причина за тензии апсолутно нема потреба да има, затоа што и во овој случај локалната и секторот за урбанизам ќе постапат како и со другите нацрт детални урбанистички планови. Тој додава дека доколку овој нацрт помине на седницата на совет во среда, тогаш ќе се организира јавна презентација и анкета на која ќе бидат поканети сите институции но и сите засегнати граѓани кои ќе можат своите забелашки јавно да ги кажат и секако да реагираат до надлежните.

Инаку оветот на општина Охрид во среда на 29 ти јуни ќа ја одржи 35 тата седница на совет на која на дневен ред како точка е и нацрт на деталниот урбанистички план за  втора урбана заедница, простор каде што се наоѓа и ФТУ.

{loadposition content9}