Skip to main content

Здравствениот дом од Охрид доби донација

Високософицистирана медицинска опрема, за амбулантните возила на итната медицинска помош. Таа е во вредност од 7 000евра, а ја донира телекомуникацискиот оператор ОНЕ.

 |  Билјана Николоска  | 
Malaricna
маларична

donacija Продолжува големиот хуманитарен караван на ОНЕ. Овој телекомуникациски оператор минатата година акцијата ја започна од Струга и донира 10 опреми за возилата на итната медицинска помош низ разни градови во Македонија. Годинава овој караван пристигна и во Охрид така што здравствениот дом е корисник на донацијата, вредна 7 000 евра. Директорот на Одделението за односи со јавност на ОНЕ, Виктор Донев, вели дека целта на хуманитарниот гест е да се опремат амбулантните возила на итната медицинска помош во Охрид, со опрема, како што ја имаат сите познати и признати медицински центри во Европа и светот. Тој додава дека сега е вистински момент бидејќи сме на самиот старт на главната туристичка сезона.

blagodarnicaГолема благодарност за донацијата во името на целиот медицински персонал на Здравствен дом Охрид укажа првиот човек на оваа установа, Митко Дабески. Тој додаде дека медицинската опрема, посебно во овој период на годината е добредојдена.

Можеби донираната опремата за амбулантните возила на итната медицинска помош е високософицистирана, но условите за работа во објектот Маларична не се на завидно ниво за што најдобро знаат вработените и пациентите. Дабески, свесен за таквата состојба вели дека објектот мора да функционира за потребата на корисниците на услугите онаков каков што, но дека сеуште се надеваат оти во Охрид ќе се изгради Здравствен дом согласно стандардите за медицинска установа.

Инаку опремата се состои од ултра тенка носилка на пациенти, универзален имобилизатор за глава, за нозе, комплет од шест имобилизатори за врат, кои пропуштаат ренген зраци, термален вакуум душек со ABS пумпа и специјална подлога отпорна на временски влијанија, комплет за реанимација, држач за инфузиони боци, живин апарат за притисок, специјална столица за транспорт на пациенти која се движи по скали. Од телекомуникацискиот оператор се надеваат дека оваа опрема ќе ја олесни работата на медицинскиот персонал кои ја пружаат помошта а исто така ќе биде од големо значење за пациентите.


 {loadposition content9}