Skip to main content

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

 |   | 
raskaz konkurs
расказ конкурс
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири-комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во Велгошти.

Според пропозициите, право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Македонија, а расказите за конкурсот треба да се достават најдоцна до 25 овој месец. Резултатите од конкурсот жири-комисијата ќе ги објави на 8 август во печатените медиуми. Наградата е една и парчина, во висина од 30 илјади денари.

{loadposition content9}