Skip to main content

Електронскиот дневник се коси со Законот за заштита на личните податоци

Ова е ставот на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Дирекцијата во неколку свои инспекциски надзори дошла до сознание дека Електронскиот дневник бара поголем обем на лични податоци од потребното. Целта на воведувањето на Е-дневникот беше постигнување на поголема комуникација помеѓу наставниците и родителите.

 |  Мишел Наумоски  | 
е-dnevnik
е-дневник

е-dnevnikОва е ставот на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Дирекцијата во неколку свои инспекциски надзори дошла до сознание дека Електронскиот дневник бара поголем обем на лични податоци од потребното. Целта на воведувањето на Е-дневникот беше постигнување на поголема комуникација помеѓу наставниците и родителите.

Електронскиот дневник е една од најинтересните новини кои Министерството за образование ги воведе во нашиот образовен систем. Но уште од самиот почеток овој амбициозен проект се соочи со серија проблеми, пред се од техничка природа. Сепак најголемиот проблем кој беше посочен од голем број родители беше огромниот број на податоци кои Е-дневникот ги бараше од учениците, но и од нивните родители. Овие податоци кои се од исклучиво личен и приватен карактер го привлекоа вниманието на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

е-dnevnik

„Системот ЕМИС, целиот систем ни е познат нас како дирекција. Мора да кажам дека ние извршивме неколку инспекциски надзори во неколку училишта. Сите беа во Скопје, но истиот систем е имплементиран насекаде така што одлучивме тоа да биде во Скопје и констатирано е дека во овој систем се собираат поголем обем на податоци од оној кој што е потребен за да се исполни целта на неговото постоење.“-вели Елена Стојановска-Советник во Дирекција за заштита на лични податоци.

Имено, електронскиот дневник не само за учениците, бара податоци и за наставниот кадар и за родителите на учениците. Меѓу другото, во дневникот се бараат податоци за крвната група, за брачниот статус и на професорите и на родителите, како и податоци за матичниот број.

„Ставот на дирекцијата по извршените инспекциски надзори е дека мора да се изврши софтверска промена и модификација на овој систем бидејќи податоците кои што ги споменав се во обем кој што е поголем и од она што е законски дозволено меѓутоа и потребно за тој систем да функционира. Матичниот број, податоците за крвната група, податоците за здравственото осигурување, брачната состојба се во законот за заштита на личните податоци сместени во категоријата на чувствителни податоци, а тоа значи дека тие сами по себе бараат и повисок степен на заштита и не смеат да се употребуваат доколку не постои законски утврден основ.“-додава Стојановска. Стојановска вели дека софтверскиот систем на електронскиот дневник сеуште не е вклучен во законите за основно и средно образование и дека податоците кои е-дневникот ги бара се косат со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.

{loadposition content9}