Skip to main content

Започнува Фестивалот на француски филм

Со проекција на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан – Пјер Америс вечерва во центарот за култура Григор Прличев ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на француски филм во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
festival na francuski film
фестивал на француски филм

festival na francuski filmСо проекција на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан – Пјер Америс вечерва во центарот за култура Григор Прличев ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на француски филм во Охрид.

На фетивалот според најавата на организаторот ќе бидат прикажани 7 играни жанровски различно насочени филмови и 6 кусометражни.

„На свеченото отварање вечерва ќе присуствуваат министрката за култура Елизабета Канчевска Милевска, амбасадорот на Франција во Македонија Жан Клод Шлумберже, државниот секретар во Министерството за култура, Дарко Стефановски, како и бројни гости, вели директорот на фестивалот Зоран Велјаноски – Летра.

Филмовите кои ќе бидат прикажани на 4 тиот францускиот филмски фестивал ќе се натпреваруваат за наградите за најдобар филм (Златна маска) златна маска за најдобра женска и златна маска за најдобра машка улога. Филмовите кои во следниве три дена ќе бидат прикжани во Охрид се од најновата Француска продукција  кои свои премиери имале на крајот од минатата и почетокот на оваа година. Исклучок се само филмовите „Онаа љубов“ од Клод Лелуш кој со кој минатата година беше отворен Московскиот Филмски фетсивал и филмот „За луѓето и боговите“ филм добитник на гран при на Кнаскиот фестивал, награда која по „Златна Палма е најголема по важност.
Тричлената жири-комисија која ќе ги оценува филмовите на фестивалот ќе работи под претседателство на македонскиот режисер Антонио Митрически.

Според Министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска Францускиот фестивал во Охрид  е од особено значење за македонската кинематографија и можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм. Министерката неодамна додаде дека со фестивалот се отвораат можности за размена на уметници, продуценти, режисери, и искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Како специјален гостин годинава на Фестивалот на францускиот филм ќе пристигне легендата на светската кинематографија и театар Жан Клод Кариер.

Фестивалот на 5 јули ќе биде затворен  со проекцијата на филмот „За луѓето и боговите“ од режисерот Гзавие Богова.

{loadposition content9}