Skip to main content

Споменикот на Свети Наум денес гордо се исправи на својот постамент

Делото изработено од академик Томе Серафимоски своето свечено претставување ќе го има утре, на големиот христијански празник, Свети Наум, летен. Поставувањето на споменикот лично ќе го следи и неговиот творец, академик Томе Серафимоски.

 |  Мишел Наумоски  | 
spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec
споменик Св Наум Охридски Чудотворец

Делото изработено од академик Томе Серафимоски своето свечено претставување ќе го има утре, на големиот христијански празник, Свети Наум, летен. Поставувањето на споменикот лично ќе го следи и неговиот творец, академик Томе Серафимоски.

spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec

Споменикот на Свети Наум застана на својот постамент во друштвото на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Поставувањето на споменикот беше лично следено од авторот на делото, академик Томе Серафимоски. Идејата за ваквиот изглед на градскиот плоштад со споменици од трите најзначајни светители е стара 20 години и потекнува од академик Цветан Грозданов. Со поставувањето на споменикот на Свети Наум, се комплетираше светиот триаголник кој Охриѓани долго го очекуваа.

„Од името на градот Охрид и сите охриѓани сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во изработувањето и во реализирањето на оваа идеја. Со ова конечно се реализираше долгогодишната желба да се оформи светото тројство на градскиот плоштад“-рече Градоначалникот Александар Петрески.

Грандиозниот споменик заедно со постаментот е висок 5 метри, а ќе го краси паркот наспроти Охридската капетанија. Академик Серафимоски покрај изработувањето на овој споменик, дојде и со подарок за Охриѓани. Тој на општината и подари гипсена фигура од Свети Наум Чудотворец која најверојатно ќе биде поставена во манастирскиот комплекс Свети Наум.

Akademik Serafimoski„Секој споменик си има свое значење, секој споменик нешто порачува и симболизира. Свети Наум ја покажува својата гордост, онака како што стои исправен и гледа во луѓето.“-вели академик Томе Серафимоски, автор на споменикот.

Споменикот на Свети Наум беше изработен во белградската работилница на „Браќа Јеремиќ“ во Србија, а неговата изработка беше подржана од општина Охрид и Министерството за култура.

Свеченото откривање на споменикот е закажано за утре во 19 часот, во очи на празникот на светецот, Свети Наум, летен.

 {loadposition content9}