Skip to main content

Охрид низ трансформација и метафизички стил

Охриѓани имаа ретка можност деновиве да ги погледнат, сликите, цртежите и графиките на брачниот пар, академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ.

 |  Крсте Голабовски  | 
izlozba
изложба

Охрид прикажан преку една трансформација и еден метафизички стил. Вака академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ кои веќе шеста година Охрид го одбрале за свој втор дом, им го прикажаа најубавото од градот на сите оние кои ја сакаат и ценат ликовната уметност. Што се однесува до концепцијата на оваа изложба, одбравме многу интригантен и мошне интересен простор кој има свои предизвици и формиравме еден концепт на прикажувањето на слики,графики и цртежи во кој иманентно ќе постои една нишка које ќе обединува атмосферата и историјата доживувањето и она што е ендемско и суштинско за овој прекрасен град, како во минатото и сегашноста така и за во иднината изјави Мирко Вујсич кој исто така е и професор на Факултетот за ликовна уметност.Со сопругата Лидија се запознале во 1980-та и отогаш се подржуваат и  работат заедно во доменот на графиката како и во другите ликовни медиуми.

Mirko Vujisik„Дивергентно го градиме својот личен израз, помошта е во подршката да се опстои не од аспект на ситуираност туку од аспект на искреност во чувствата и негување на своето кредо лично како творец каде секој компрпмис условува да човек девалвира и со својата мисла и со својот израз. Популизмот е нешто најлошо во ликовната уметност.“, Вели Вујсиќ.

Мирко истакна дека и на следните две изложби ќе настапуваат заедно со сопругата Лидија. На прашање за тоа дали од уметноста може да се живее тој изјави дека Ако уметникот го негува својот стил, и ако истиот е ликовно оправдан и квалитетен  кореспонденција со рецепинетот може да се пронајде. Но, сепак културните настани од ваков калибар сеуште тешко го наоѓаат патот до својите рецепиенти. Љупчо Жупан кој веќе 12 години е сопственик на уметничка галерија во нашиов град вели дека сите би биле посреќни кога сликари од ваков код во своето творештво би вметнале мотиви од Охрид, со што мотивите од Охрид преку нивните слики би патувале не само низ Македонија туку и подалеку што би било една културна промоција на нашиот град.

Zupan Зошто се покриени односно не се покриени практично од голем број медиуми тука ја гледам организацијата на изложбите, од самата структура на иснтитуциите итн, но мсилам дека на Охрид треба да му се придаде значење, и да се прикаже она квалитетно што се случува во градот, како изложбите кои се во склоп на „Охридско лето“ и независно од тоа.“ додава  Жупан.

Жупан вели дека интенција на галеријата е да ги помага сликарите и генерално уметниците кои што творат, за да бидат колку е можно поприсутни на овој пазар, а преку галериите и интернетот истите да бидат промовирани и надвор од нашите граници, не само како мотиви од Охрид, туку како уметност која доаѓа од Македонија.


 {loadposition content9}