Skip to main content

Квинтетот „Алијаж вечерва на Охридско лето

Еден од најкреативните и успешни ансамбли на саксофон во Европа кој се карактеризира со големата стилска разновидност, но и тенденција за стилските миксови – како на епохите, така и на изведувачките манири, квинтетот „Алијаж“ вечерва на Охридско лето.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ohridsko leto
Ohridsko leto

Еден од најкреативните и успешни ансамбли на саксофон во Европа кој се карактеризира со големата стилска разновидност, но и тенденција за стилските миксови – како на епохите, така и на изведувачките манири, квинтетот „Алијаж“ вечерва на Охридско лето.

Основач и лидер на овој состав е единствениот професор по класичен саксофон во Германија – Даниел Готје. „Ние сме Квинтетот „Алијаж“,составен од 4 саксофони и едно пијано.

„Ние сме една многу интернационална група зошто сите петмина сме од различна националност, Даниел Готје е од Канада, пијанистката е од Кореа,  а останатите се од германија и Ерменија, и јас од Франција. ЈАс свирам алт саксофон, а моето омилено парче од вечерашната програма е „Оревокршачката“ на Чајковски“, вели Ева Бартаз која во „Алијаж свири алт саксофон.

„Станува збор за една невообичаена формација затоа што со нашите инструменти не свириме џез, со нашите 4 саксофони, ние изведуваме класична музика“, вели оснивачот на Алијанж – Готје.

Ohridsko leto„ Свириме класична музика која сите луѓе ја сакаат, зошто ќе изведуваме вистински ремек дела, како „Шехеразада“ од Корсаков, или „Оревокршачка“ од Чајковски. Свириме таква музика која сите луѓе сакаат да ја слушаат, но со еден целосно нов звук зошто свириме на саксофон кој дава еден многу експресивен и богат звук, но на еден модерен начин. Го комбинираме модерниот звук со традиционалната класична музика“, вели оснивачот на Алијанж Даниел Готје.

Готје додава дека вечерва ќе отсвират и една увертира од Глинка од операта „Руслан и Људмила“, како и едно парче на еден композитор од Македонија. Програмата ќе ја завршиме со една многу смешна,енергична балетска свита, која од Русија ќе не однесе во Кина и повторно ќе не врати назад во Ерменија и Виена“, додава Готје. Тој не можеше а да не го искаже воодушевувањето од просторот каде ќе свират и акустиката во црквата Св. Софија.

Репертоарот на „Алијаж“ е сочинет од познатите композиции од сите епохи, со исклучително внимание и чувство аранжирани за овој состав: „Годишните времиња“ од Вивалди, „Сонот во летната ноќ“ од Менделсон, „Шехерезада“ од Римски-Корсаков, „Кармен“ од Бизе, „Порги и Бес“ од Гершвин. И оригиналните дела за квартет саксофони, исто така, се негувани од „Алијаж“. Покрај успешните настапи на европските концертни подиуми, квинтетот издаде неколку компакт дискови – за еден од нив, “Una voce poco fa“ се добитници на наградата ECHO Klassik.

на Охридско лето  квинтетот настапува прв пат.

{loadposition content9}