Skip to main content

Мултимедијално доживување во Велестово

Дваесет и третотото издание на манифестацијата „Поетската ноќ во Велествово“, од година во година добива меѓународен карактер.

 |  Крсте Голабовски  | 
poetska nok Velestovo
поетска ноќ Велестово
Некогаш поетската манифестација, годинава прераснува во мултимедијално доживување. Дваесет и третото издание на на манифестацијата „Поетската ноќ во Велествово“,се избори за виско место од манфестации од ваков ранг во нашата држава, и слободно може да се каже дека таа го има водечкото место, вели организаторот Славе Ѓорго Димовски. Манифестацијата од минатата година го изгради својот меѓународен карактер. Секоја година кругот го прошируваме,вели Димовски, па така минатата година имавме гости од три земји од странски поети од Сирија,Турција,Србија.

Оваа година тој круг се шири кон Естонија,Црна Гора,Италија,Северна Ирска, и мислиме дека за исвесно време ке направиме една манифестација од меѓународен висок ранг. Тоа го покажаа и минатогодишните учесници кои во своите земји објавија различни афирмативни текстови и за нашата земја и за нашата манифестација“ потенцира Димовски.

presГодинешната Прва поетска ноќ ќе биде отворена со поезијата на македонскиот поет Владимир Мартиновски, за да потоа следи изложбата на Емилија Лазаревска и музиката на бендот Старовски. Встинско доживување ќе биде втората вечер насловена како „Глобално поетско село“, кога ќе настапат поети од Италија,Естонија и Ирска. Заедничко за сите е тоа што  се маѓепсани од Велестово, вели Димовски.

„Да, па тоа е и магијата на самата манифестација што за многумина е несвојствено ноќе речиси на полноќ каде фаќа во планина да се држи поетска манифестација. Бидејќи сите кои доаѓаат од странство имаат претстава дека такви манифестации треба да се држат во затворени простории и академски и магијата на тоа дружење и отвореноста и контакт со публика од различен вид“, вели Димоски.

Манифестацијата ќе трае два дена, така е конципирана уште од самиот почеток да во неа биде вкомпонирана изложба, а оваа година ќе има настапи и на две музички групи, што на оваа поетска манифестација ќе и даде еден мултимедијален момент.

{loadposition content9}