Skip to main content

Се покриваaт графитите врз фасадата на Музичкото училиште

Сите во акција. Пред стартот на школската година се разубавува општинското музичко училиште Методи Патче. Младите Ротаријанци по многу средби кои ги реализирале со директорката на училиштето одлучија исшкртаната фасада која го нагрдуваше ликот на училиштето, да ја заменат со слики на музички инструменти.

 |  Татјана Маленкова  | 
akcija
акција

akcijaСите во акција. Пред стартот на школската година се разубавува општинското музичко училиште Методи Патче. Младите Ротаријанци по многу средби кои ги реализирале со директорката на училиштето одлучија исшкртаната фасада која го нагрдуваше ликот на училиштето, да ја заменат со слики на музички инструменти.

„ Обезбедивме средства преку општината решивме да го разубавиме ѕидот така што на него ќе има цртежи сакаме и на младите да им дадеме порака да не ги шкртаат свежо обоените ѕидови“, вели претседателот на подмладок од Ротари, Драги Здравески.

Здравески упатува порака до сите злонамерници да не ги нагрдуваат објектите. Тој додава дека во иднина тие како подмладок планираат  да обојат и делови од централното грдско подрачје  кое е исто така нагрдено со графити.

Nina MomiroskaДиректорката на училиштето Нина Момироска презадоволна од ентузијазмот, желбата и работливоста на младите кои прават се да го разубават училиштето. Таа појаснува дека идејата за реновирање на училиштето првично потекнала од Советот на родители, за да подоцна со ист проект дојдат и младите Ротаријанци од Охрид.

„ Нависина поинакво е чувството да се работи со вакви млади многу се расположени, многу пријатна атмосвера владее овде, тие даваат пример како младината треба да го користи слободното време. По фарбањето ќе се цртаат ѕидовите. Низ самата работа ќе доаѓаат идеите за цртање на ѕидовите“, додава директорката на училиштето Нина Момироска.

Проeктот со кој ќе се обои музичкото училиште изнасува 30 000 денари, а средставта се обезбедени од Локалната самоуправа.

Инаку, покрај надворешниот дел деновиве се реновираат и солфежните училници, ходникот и наставничката канцеларија. Средствата со кои ќе се направат овие зафати се од семинарот кој во текот на летниот период се одржа во училиштето.

 {loadposition content9}