Skip to main content

Се расчистува теренот за затворениот базен

Зад трибината на отворениот базен, до спортската сала, локалната самоуправа ќе го гради рекреативниот спортски базен. Целта на локалната самоуправа е на едно место Охрид да добие комплетен спа центар, вели првиот човек на градот градоначалникот Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
swimmer
пливач

PetreskiЗад трибината на отворениот базен, до спортската сала, локалната самоуправа ќе го гради рекреативниот спортски базен. Целта на локалната самоуправа е на едно место Охрид да добие комплетен спа центар, вели првиот човек на градот градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека н местото каде некогаш беше дискотеката лапидариус сега ќе има фитнес и сауна, а сетоа тоа ќе биде во топла врска со базенот.  „Одлуката ја донесовме за овој простор затоа што и агенцијата за млади и спорт ќе гради затворен пливачки базен. Овие градби ќе придонесат во Охрид да се развиваат и пливаачките спортови но и за туризмот“, вели градоначалникот.

„Јас имав желба отворениот и затворениот да бидат еден до друг и локацијата која им ја предлагав е каде што ќе гради општината сега, но тие сакаат да градат на повидно место. Се договоривме за две локации и мислам дека на една од тие две до крај на годинава агенцијата ќе почне да гради. Едната локација е измеѓу спортската сала и туристичка  каде сега се наоѓаат рингишпилите, а другата локација е од другата страна на отворениот базен према Проаква“, вели градоначаникот.

Урбанистичкиот план за потегот кај спортската сала помина на градскиот совет. Сега се подготвува урбанизтичкиот проект со кој точно ќе се дефинира локацијата каде агенцијата за млади и спорт ќе гради.

„ Јас сум во постојан контект со директорот Спасов и убеден сум дека нема да има проблем и дека ќе се гради затворениот базен. Инаку затворениот базен кој ќе го прави општината во овој момент работат екипите од општина ја подготвуваат локацијата. Се надеваме дека до крај на месецов или почетокот на септември ќе излезе тендерот за изградба на затворен базен од општина Охрид. Мислам дека најдобро е со тој базен да стопанисува ЈП Билјанини извори“, вели Петрески.


Градоначалникот појаснува дека локацијата која неодамна ја посакуваше агенцијата за млади и спорт,  за градење на затворен базен, останува онаква каква што ја зацрта локалната, а тоа е гаражно деловни простории. Петрески додава дека полека но сигурно се средува и исполнува целиот протор на спортскиот центар, каде покрај базените ќе има и други содржини.

„Сега со урбанистичката маркица ќе можеме точно да ги дефинираме терените, халите, базените каде ќе бидат конкретно. Јас ве убедувам дека покрај овие содржини ќе имаме уште два нови фудбалски стадиони од кои едниот ќе биде со природна трева, а другиот во вештачка. Овој терен ќе биде повеќе наменски и истиот ќе може да се користи за играње на  одбојка, фудбал…“, додава градоначалникот.

Од локалната најавуваат дека планиаат да градат уште два спортски центри, од кои едниот на влезот од Охрид кај Чекоштина, а дугиот во кругот на касарната.

{loadposition content9}