Skip to main content

До каде оди човековата дрскост

Ристоски Борис, жител на улица „Железничка“ се посомневал во две лица кои во текот на вчерашниот ден собирале добротоворни прилози за изградба на верски објект.

 |  Крсте Голабовски  | 
charity donation
charity donation

Ристоски Борис, жител на улица „Железничка“ се посомневал во две лица кои во текот на вчерашниот ден собирале добротоворни прилози за изградба на верски објект.

charity donation

Внимавајте на кого давате доброволни прилози. Во текот на вчерашниот ден, две лица едното на возраст од 50-тина години, а другото на возраст од 30-тина, прибирале добротоворни прилози под изговор дека прибираат средства кои потоа би се користеле за санација на верскиот објект, манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Ристоски Борис жител на улица Железничка веднаш се посомневал во овие две лица и решил да не контактира со цел да се испита нивната веродостојност.

„Сомнежот ми дојде зошто знам дека храмот е веќе изграден, а другата работа беше сомнежот кога видов дека луѓево собираат средства со текст во кој пишуваше за намената, а долу стоеше потпис од Владиката Дебарско-Кичевски, Господин Тимотеј и удрен печат. Меѓутоа тоа не беше оригинален документ, фотокопија беше направена“, вели Ристоски.

Владиката Дебарско-Кичевски, Господин, Господин Тимотеј, во краток телефонски разговор ни соопшти дека за прибирање донации, тој не дадол никаков налог, и дека станува збор за целосно неовластена активност. Инаку, настанот е пријавен и во СВР Охрид од каде најавија дека ќе преземат соодветни активности.

{loadposition content9}