Skip to main content

Домот „Никола Карев“ ги отвори вратите за прием на студенти

Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување.

 |  Валентина Нелоска  | 
Studentski dom
Студентски дом

Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен тренд  да  продолжи. Не би требало да дозволиме еден ваков студенски дом да биде нерентабилен и да биде затворен, вели Ристески.

RisteskiРистески објаснува дека се потрудиле да ги подобрат условите за сместување, да има постојано топли простории и топла  вода. Во договор со студентите се обиделе да го подобрат и менито во студенската менза. Тој очекува дека сите пријавени студенти кои ги исполнуваат условите ќе најдат сместување во овој студенски дом. За опаѓањето на интересот за сместување на студентите во овој дом Ристески посочува две причини. Една од причините ја гледа во големиот број слободни станови во Охрид, кој се изнајмуваат за 5000 денари од неколку студенти, а при тоа во живеењето нема строга дисциплина и ред, вели  Ристески. Другата, причина ја гледа во  големиот број  дисперзирани факултети.

Сместувањето во Студенскиот дом „Никола Карев“ месечно ги чини студентите 3.895 денари, а Министерството за образование и наука учествува со партиципација од 3.410 денари.

Од денес, до  28 август течат и апликациите по електронски пат за прием на бруцоши во студенскиот дом.

{loadposition content9}