Skip to main content

Сеуште има слободни места во средните училиште

По завршувањето на вториот уписен рок во трите општински средни училишта сеушта има слободни места.

 |   | 
Gimnazija
Гимназија

По завршувањето на вториот уписен рок во трите општински средни училишта сеушта има слободни места.

Во општинското средно училиштре „Св. Климент Охридски“ за гимназиско образование запишани се 3 полуматуранти, додека за стручното образование во економската и здравствената насока пријавени беа 22 ученици, а запишани 19. По првиот и вториот уписен рок во Гимназија остануваат слободни уште 95 места.

vanco PitosheskiВо средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“ за профилите со четиригодишно образование, во вториот уписен рок нема пријавени кандидати, а остануваат слободни над 25 слободни места.  За профилите  со тригодишно траење на образованието – келнери, готвачи, слаткари и пекари,  пријавени се и запишани 3 ученици. Во ова училиште по двата упосни рока остануваат слободни уште 171 слободно место.

За четиригодишно образование на стручни занимања во Општинскиот Електо Машински Училишен Центар  „Св. Наум Охридски“ , во вториот уписен рок се запишале 14 ученици. Во Ова општинско училиште остануваат слободни уште 166 слободни места, додека за профилите со тригодишно образование останува 51 слободно место, а во вториот уписен рок нема заинтересирани кандидати за образовните профили кои ги нуди општинскиот електромашински училишен центар.

{loadposition content9}