Skip to main content

Драстично опаѓа творештвото за деца

Детското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература.

 |  Валентина Нелоска  | 
promocija
promocija

promocijaДетското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература. Мал е бројот на авторите кои сакаат да го стимулираат творештвото за деца, истакнува  Цвета Спасикова од Штип, која денес во охридскиот Центар за култура промовираше две нејзини дела, „Химена“ за возрасни и „Миленичиња“ за деца. Покрај „Миленичиња“, автор е  и на  „Сонот на розата“. Спасикува укажува и на тоа дека во Македонија има и само две списанија за деца, „Чекорче„ и „Росица“.  „Одговорна и тешка задача е да ја погодиш темата и сензибилитетот на децата, вели писателката. Треба да се почувствува детската душа. Децата знаат искрено да кажат што им се допаѓа, а што не,“ вели Спасикова.

knigiПисателите  тешко  можат да живеат од она што го пишуваат,  иако покрај тоа што вложуваат дел од себе и од своето време, вложуваат и финансии. Авторите се потешко доаѓаат до спонзорства за печатење, а и државата како да кренала раце од нив.

„Детското творештво,  државата порано го помагаше, за жал сега не. Денес е тешко да се најде и рецензенти,  има се помалку  рецензенти кои пишуваат критика за детското творештво“,  нагласува Спасикова.

Цвета Спасикова покрај поезијата за деца ја негува и поезијата за возрасни. Автор е на книгите поезија  „Бранувања“,„ Виделина“, „Светилник во Времето“, „Здивот на Брегалница“,„ Македониум“. Од проза има драма, едночинката „Ноќ спроти Богородица“.  Нејзината поезија изобилува со емотивни слики и размисли, едноставни животни филозофии, патриотски чувства, љубовен занес, хумор и алегорија. Детската поезија изобилува, пак со едноставност и оргинална фантазија.

{loadposition content9}