Skip to main content

Уште едно лето без вода

Делови од Лескоец уште едно лето поминуваат без капка вода. Да биде ситуацијата уште полоша, температурите екстремно високи. Дел од Лесковчани чекаат до раните утрински часови за да наполнат 5-6 литри вода, колку за пиење.  Надлежните од јавното претпријатие Нискоградба како причина за овој горлив проблем го посочија прекумерното употребување на вода за наводнување на земјоделски површини и преоптоварувањето на водоводната мрежа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Leskoec
Лескоец

LeskoecУште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода.

LeskoecСтапивме во контакт со надлежните лица во ЈП „Нискоградба“ кои вината ја префрлаат на Лесковчани, за кои велат дека прекумерно користат вода за наводнување на земјоделски површини, додека водата за пиење им е најнизок приоритет. Како дополнителен проблем од „Нискоградба“ го наведуваат и големиот број диво приклучени граѓани кои го црпат водниот потенцијал, а легалните потрошувачи во меѓувреме трпат за вода. Во насока на ова, на официјалната страна на МЈП „Проаква“ уште на 24 Јуни бил поставен апел до жителите на ова населено место со кој им укажуваат на лесковчани во периодот од 01 Јули до 20 Август во интервалот од 7 часот наутро до 19 часот навечер да не се користи водата за наводнување на земјоделски површини и градини.

Но, покрај Лескоец, денес, во најжешкиот ден ова лето, поради дефект на водоводната линија на улицата Питу Гули без вода останаа и Велгошти, Пештани, како и повеќе улици кои гравитираат околу новата автобуска станица, населбата Радојца Новичиќ и кај фабриката Застава.

{loadposition content9}