Skip to main content

„Непопуларни мерки“

„Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
zemjishte
земјиште

„Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид.

Станува збор за  јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски.

„Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се продава  и колкава е атрактивноста на тоа земјиште“, вели Александар Петрески. Со овој чекор и со мерката за намалување на цената на комуналиите само си правиме штета и на општината и создаваме нелојална конкуренција на постоечките хотели што се веќе изградени, додава Градоначалникот Петрески.

Aleksandar PetreskiПа сите овие земјишта треба да се вратат и сигурно и тоа е дел, и нее проблем дали ќе го порадде државата или ќе го продаде општината затоа што парите било кој да го продават се делат подеднакво. 80% од тие пари одат за општината, 20% оди за државата било кој да го продава.Значи проблемот е од што 80%?“, вели Петрески.

Инаку, како што вчера информираа од МТС, Предмет на јавното наддавање беа градежни парцели со површина од 13.459 м2 и 4.738 м2. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Фибула ер травел“ од Скопје која за двете градежни парцели на јавното наддавање понуди највисока цена од вкупно 1.291.987 денари 20.000 евра. Охридскиот Градоначалник вели дека живееме во општество каде пазарот ја формира цената и треба да го остават тоа така да биде. Во самата општина постои различна цена на земјиштето. Може да биде од 20-400м2 во рамките на една општина. Општините треба да ја креаираат цената на земјиштето, онаа стартната, а понатака преку тендерот да се добие крајната цена.

Ние имаме комисија за експропријација, за апроценка на имот која излегува на лице место и тука земјата ја оценува минимум 300 евра по м2 и сега ние схто треба да направиме експорпријација треба да одиме по пазарната цена по 300 евра за метар квадратен, да платиме а приливите што ќе ги добиваме се 1 евро по метар квадратен“, кажа Градоначалникот.

zemjishteИнаку, станува збор за една од четирите локации предвидени за изградба на мали хотели кои се наоѓаат во близина на поранешните канцеларии на „Гранит“ „Тука останаа уште  две локации предвидени за изградба на поголеми хотели. Оваа која Фибула ја доби е  една од помалите локации, но не знам точно која“, дециден е Петрески. Компанијата е должна во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба од надлежната општина и согласно роковите предвидени во Законот за градење да изгради хотел од прва категорија со 5 ѕвезди и во рок од три месеци по целосна изградба на објектот, да го брендира хотелот со име на хотелски ланец кој во своја сопственот поседува или пак управува со повеќе од пет хотели.

{loadposition content9}