Skip to main content

Протести „за“ и „против“ клубот Jazz Inn

Изразувањето незадоволство преку протести станува се почеста појава не само во светот, туку и кај нас. Така, и група Охриѓани, денес на полноќ, мирно ќе протестираат на наводното „незаконско“ работење на клубот „Џез Ин“. Од друга страна пак, и сопствениците на овој клуб, еден час порано, на истото место, ќе го бранат својот интегритет.

 |  Мишел Наумоски  | 
jazz inn
jazz inn

Старите велат: „Не радувај се додека мечката игра во дворот на комшијата“. Социјалните мрежи станаа идеално место за организирање на социјални револуции. Паѓаа диктатори на Блискиот Исток, илјадници хрвати протестираа во Загреб, а на Лондон му се случи анархија, и се беше организирано преку фејсбук.

протестИ Охриѓани решија да се мобилизираат преку социјални мрежи. По се изгледа мечката реши да заигра и во нашиот двор. Зошто?! Вечерва, две групи Охриѓани ќе излезат на дај боже мирен протест во име на своите права и слободи, а копјата ќе се кршат околу клубот „Џез Ин“. Жителите од улицата „Коста Абраш“, од вечерва на полноќ, до 5 часот наутро, мирно ќе протестираат на, според нив, „незаконското“ работење на клубот „Џез Ин“. Во известувањето за протестот испратено пред два дена до нашиот медиум стои: Издадено е одобрение за кабаре за објект кој не ги исполнува условите, точи алкохол надвор од просториите на објектот, преку цела ноќ се слуша прегласна музика, пискотници, кавги, кршење на шишиња, оштетување на паркираните коли, тепачки, уринирање на секој агол, непочитување на работното време и уште многу други незаконски дејства.

JAZZ INNТочка по точка, сите обвинувања енергично ги отфрлаат сопствениците на овој клуб, кои во нивната одбрана, објавена на социјалната мрежа фејсбук тврдат дека против клубот „Џез Ин“, 17 години не била поднесена никаква пријава во СВР ниту за тепачки, ниту за нарушување на јавниот ред и мир, ниту за пуштање прегласна музика. Сопствениците на клубот, покрај ова, организаторите на протестот ги обвинуваат и за клевета, попречување на работа на објект, лажирање на потписи и јавно понижување. Токму затоа, на истото место, но еден час порано, и тие со своја група поддржувачи, мирно ќе го бранат својот интегритет. Бранителите на „Џез ин“, бараат од своите поддржувачи да не влегуваат во физички и вербални расправии со протестантите.

Организаторите на протестот најавија присуство и на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, којшто според нив, со своето присуство ги поддржува и ја одобрува нивната иницијатива за ставање ред во стариот дел на градот.

Првичните најави за блокирање на  улицата „Коста Абраш“ и не пропуштање на посетителите во клубот, според организаторите, нема да се случат. Се ослучиле на ваков чекор поради општата безбедност и побарале и присуство на полициски службеници, за што добиле потврда од СВР Охрид.

{loadposition content9}