Skip to main content

Пожарот ставен под контрола, се бара виновникот

Големиот шумски пожар кој вчера ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост веќе е ставен под контрола. Од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ не информираат дека во овој момент одредени се границите на пожарот со што минимизирани се шансите тој повторно да се разгори. Од безбедносни причини, дежурни екипи ќе вршат обиколки на зафатеното подрачје.

 |  Мишел Наумоски  | 
pozar
pozar


pozarПожарот кој вчера околу 10 часот изутрина ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост е целосно ставен под контрола. Како што ТВМ информираше, во интервенцијата беа вклучени и двата специјални авиони-канадери. Со заедничката интервенција на противпожарните служби, двата авиони и локалното население, пожарот беше ставен под контрола. Шефот на заштита од ЈП „Македонски шуми“, Јовче Цветкоски кој сеуште е на терен, не информираше дека првичните проценки говорат за околу 300 хектари опожарена површина, но бројките сеуште не се потврдени. Цветкоски додаде дека во моментот сеуште се забележува чад, но дека тоа е внатре во пожариштето. И ветерот кој вчера ги создаваше најголемите проблеми, денес оди во полза на противпожарните служби. Иако пожарот е ставен под контрола, сепак Цветкоски вели: „Дежурни екипи и натаму остануваат на терен и ќе прават обиколки на зафатеното подрачје, доколку е потребно ќе можат да интервенираат.“ Според мислењето на стручните лица кои работеа на терен, пожарот се смета дека е подметнат, за што биле информирани и единиците на СВР-Охрид. Се појавија шпекулации дека пожарот го подметнало малолетно лице со ментална попреченост во развојот. Го контактиравме и портпаролот на МВР, Иво Котевски кој ни кажа дека во СВР се направени информативни разговори на повеќе лица со цел да се откријат сторителите, но дека немаат поконкретни сознанија.

{loadposition content9}