Skip to main content

Протестот на жителите од Стар град-црвен сигнал за надлежните

30-тина жители од улицата Коста Абраш синоќа после полноќ излегоа на мирен протест. Под полициско обезбедување тие го искажаа своето незадоволство од разуданиот ноќен живот кој го прават посетителите на кабарето „Џез Ин“. Тие се жалат дека 20 години буквално трпат терор од гласната музика, врева, тепачките под нивните прозори. Разочарани велат сега е премината секаква граница на трпеливост.

 |  Валентина Нелоска  | 
JAZZ INN
jazz inn

Со сличен проблем, за кој од синоќа бараат решение соседите на  Каберето „Џез ин“, се справуваат и останатите жители од улицата Коста Абраш, кои што имаат домови на потегот кон останатите кафулиња „Кадмо“, „Ликвид“, „Хемингвеј“,„Табана“ и „Новел“.

Сега жителите  бараат помош и од државата и од општината во надминување на хаосот предизвикан од  ноќните  клубови и  да се преиспита издавањето на дозволите за работа во стариот дел на градот.

protestСопствениците на кабарето „Џез ин“ и нивните поддржувачи, пак  синоќа одбија да дадат било каков коментар.

Од целата ситуација, се наметнува заклучокот дека надлежните, независно дали се од локалната или централната власт, потфрлија и овој пат. Не е нов и непознат проблемот со гласната музика, вревата, тепачките и инцидентите во стариот дел на градот.

Како и многупати досега, топката само се префрла од едни на други, а жителите во Варош и Месокастро трпат години наназад. И едните и другите , сопствениците на кафе барови, ноќни клубов или како и да се наречени угостителските објекти, имаат своја приказна и вистина.                                                 

Синоќешниот протест е можеби црвеното светло за надлежните конечно да изнајдат решение за проблемот. Зашто, очигледно е дека доколку не го сторат тоа, граѓаните, оставени сами на себе, ке се обидат да ја истераат правдата секој на свој начин.

{loadposition content9}