Skip to main content

Реновирањето на кино бавча ќе почека до другото лето

Обновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули  ова лето охриѓани  ќе може да ги следат  филмските проекции и  концертните случувања  на оваа летна сцена, сепак  ќе мора да причекаат.

 |  Валентина Нелоска  | 
kino bavca
kino bavca

kino bavcaОбновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули  ова лето охриѓани  ќе може да ги следат  филмските проекции и  концертните случувања  на оваа летна сцена, сепак  ќе мора да причекаат.  Работите околу расчистувањето и уредувањето не се ни започнати. Директорката на центарот за култура Григор Прличев за задоцнетото реновирање има оправдување.

„Спонзорот што тербал да ја расчисти и уреди сцената е презафатен. Ќе почекаме да ги заврши своите започнати работи, па кога ќе има време ќе го заврши  и нашиот дел, информира Боцевска. Додава дека е добро што финансиски помага министерството,  но и спонзори кои сакаат да помогнат, но излегуваат непредвидени работи.

kino bavcaФинансиски средства за реновирање на кино бавча Министерството за култура одобри на почетокот на годинава  во висина од 200.000 денари. За адаптација на просторот требаше да се направи расчистување и опремување  со 200 монтажни седишта и бина, а  центарот веќе ги има набавено платното и системот за озвучување.  Летната сцена покрај намената за проекција на филмови, се предвидуваше и за фолклорни настапи и разни концертни случувања. Но, сега ќе мора да се чека 2012 година.

Пред 20 –тина години овој  простор за охриѓани важеше како омилена кино бавча. Сега просторот  е запуштен и обраснат со трева и со расфрлани делови  од инвентар на  угостителски локал, во кој просторот бил пренаменет пред неколку години.

{loadposition content}