Skip to main content

Петрески чека извинување од ФК Охрид 2004

Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи.

 |  Мишел Наумоски  | 
pres
pres

Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи.

Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде се видело во светов, една фудбалска екипа да тренира на главниот терен, тоа никаде се нема случено, освен тука. “Јованоска додава дека за оваа намена има помошни терени кои иако не се во најдобра состојба сепак се едни од најдобрите во земјава.

„Критикуваа дека внатре било отворено, влегувале кучиња се шетале, а потоа тие тренирале. За таквите услови исто тие се криви затоа што во време кога не беше поволно да се тренира тие влегуваа, ја кршеа вратата и влегуваа тренираа. И сега истите тие луѓе што придонесоа за лошите терени затоа што кога е многу дождливо, кога врне, кога ќе влезеш внатре се оштетуваат терените истите тие што ги оштетија терените сега се жалат дека се лоши.“-вели Гордана Јованоска-Директор на ЈП „Билјанини извори“

Не изостана и реакција од градоначалникот Петрески. Тој рече дека сите екипи во Охрид, без разлика од кој спорт доаѓаат, спортските терени ги користат бесплатно иако за нив треба да плаќаат надомест. Наместо да се благодарни, од ФК Охрид 2004 шират невистини.“-вели Петрески. Тој излезе со ултиматум до ракводството на клубот.

„Додека раководството на фудбалскиот клуб не излезе да го демантира она што го кажаа нивните луѓе од раководството и да се извинат према мене и према директорката на јавното претпријатие ние и досегашната голема помош во однос на користење на терени без надоместок, покриен финансиски превоз од наша страна ќе му го ускратиме понатаму да не можат да го користат.“-рече градоначалникот Петрески

Крајниот рок кој Петрески им го даде на одговорните лица во ФК Охрид 2004 е задутре, во спротивност вели мојата одлука барем за оваа година ќе биде конечна. Имено, по преземањето на работењето на ЈП „Билјанини извори“, покрај бесплатното користење на спортските терени, реквизити и објекти, сите спортисти и спортски екипи добиваат и бесплатен превоз за своите натпревари.“-додаде Петрески.

{loadposition content9}