Skip to main content

Турската етничка заедница незадоволна од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор

НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби.

 |  Валентина Нелоска  | 
znaminja
знамиња
panel diskusijaНВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби. На панелот учествуваа бројни политичари, министри и  еминентни стручни лица кои партиципирале во досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор ама не беа присутни преставници од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и од актуелната власт, вели Максут Али претседател на НВО „Карабеј махале“.
„Во претходниот 10 годишен период иако има почетоци на спроведување на Охридскиот рамковен договор Турците не се задоволни. Не се задоволни затоа што секогаш на прво место доаѓа спроведувањето на правичната и соодветна застапеност каде што има напредок , но не е на задоволително ниво.  Турската политичка партија која што е на власт секогаш  ги прави истите грешки како и пртеходните луѓе кои биле на власт ,“ појаснува Али.
Maksut AliВакви слични панел конференции се одржувале и во изминатите две години со цел јавноста да ги чуе  проблемите на турската етничка заедница како и на останатите помали етнички заедници во земјава, нагласува Али. Тој додава дека мора да им се даде поголемо значење на малите заедници за во иднина да се добие и позитивен извештај од Европската Комисија кој земјава го добива со апликацијата за влез во Европската Унија, последниот бил негативен по овој основ. Турската етничка зедница реагира на нивниот третман во неколку општетствени сфери.
„Незадоволни сме од вработувањето, мора да се најдат извори и начини за вработување на Турците, во образованието не  се спроведува  законот за задолжително средно образовани, нема вработувања на професори кои  ќе предаваат на турски јазик, нема  учебници по одредени предмети на турски јазик. Во културната сфера, кажува Али   колку што сме ние виновни, виновна е и државата, на културно поле доста заостануваме и нешто треба да се направи почнувајќи  од културните настани па пошироко“.    
Во името на турската етничка заедница од Република Македонија, претседателот  на НВО „Карабеј махале“, Максут Али, вели ние Македонија ја чувствуваме како своја родена земја и бараме од нашите  даночни средства во иднина да се издвојуваат повеќе пари за рестарвација и одржување на културно-историските споменици од Османлискиот период , а не тоа да се прави со донации од Република Турција.

{loadposition content9}