Skip to main content

Лажни бисери

За убавината на Охридскиот бисер се слуша дури до Австралија. Вештината за негова изработка и ден-денес претставува најчувана охридска тајна. Прв избор на најголемиот број туристи, патентираниот охридски бисер за жал е се помалку охридски. На приватни тезги поставени долж чаршијата обичните седефести зрнца, ги нудат како оригинален охридски бисер. А туристите наивно купуваат.

 |  Мишел Наумоски  | 
biseri
biseri

Изработката на Охридскиот бисер од далечната 1924 година па до денес останува најчувана охридска тајна. Не само вештината во изработување туку и убавината на вистинскиот охридски бисер досега успеал да воодушеви илјадници луѓе од целиот свет. Несомнено квалитетот умее да привлече најмногу внимание, но не само најмногу туку и најдалеку. Дури и далечната Австралија дозна за Охридскиот бисер и стави прекрасен крај на романтичната приказна за двајца вљубени. Среќниот свекор тргна на далечен пат.

„Просто не можев да поверувам дека човек кој ќе го жени својот син, кој живее и печали во Австралија, да извади авионска карта од Сиднеј, да дојде до Охрид, да купи бисер за својата снаа, затоа што снаата сакала вистински охридски бисер, а тој од нашиве краишта беше од битолско. И замислете ми вели сега јас брзам на аеродром, треба да заминам за Австралија и му велам како поминавте овде? Што поминавме ми вели, јас дојдов да земам бисер и да заминам, мојата карта е за 48 сати и морам одма да се вратам.“ -вели
Климент Талев-Изработувач на Охридски бисер

biseriСепак медалот има секогаш две страни, а другата не е толку пријатна. Иако во Охрид има само две фамилии кои имаат сертификат за негова изработка, охридски бисери се продаваат на безброј тезги долж чаршијата, а тие се далеку од оригинални охридски бисери.

„Знаејќи ја ситуацијата дека се и сешто се продава денес како охридски бисер, најобични седефасти зрнца, нанижани во низа, ставена една обична копча, по разни тезги, по манастириве, по црквиве се продаваат како оригинал охридски бисер. Се дрзнаа до таа крајност да одат тие диви бисерџии дури даваат и сертификати со печат со кој тврдат дека е оригинал охридски бисер не знаејќи дека законот е толку ригорозен со казнените одредби.“ –рече Талев.

biseriТалев вели дека неговата и фамилијата на Филеви скоро еден век ја чуваат тајната за подготовка на емулзијата за изработка на охридскиот бисер. Сепак и покрај тоа, охридскиот бисер тој не го смета за негов личен, туку за македонски бренд и дека мора повеќе да се стори за овој бренд да биде соодветно заштитен од локалната самоуправа и од инспекциските служби. Талев додава дека нема ништо против да се продаваат бисери по тезгите, но во никој случај не смее да се тврди дека тоа е оригинален охридски бисер, име кое е заштитено како географско потекло.

{loadposition content9}