Skip to main content

Дали образованиот процес, ги грбави нашите ученици?

Експертите велат дека тешките училишни чанти кои децата ги носат во училиште, неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и слабата исхрана можеби не се причинителите, но секако одат во прилог за појавата на деформитети кај децата и адолесцентите.

 |  Крсте Голабоски  | 
ucenicka tashna
ученичка ташна
Целата училишна опрема која еден ученик во четврто одделение ја носи на својот грб, тежи повеќе од пет  килограми. Кај основците само учебниците и тетратките тежат по околу 2кг, а дополнителни два-три килограми – работните тетратки, училишниот прибор и ранецот. Што значи дека десетгодишен ученик на својот грб носи повеќе од една петтина од својата телесна тежина. Кога на овој податок уште ќе ги додадеме и неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и слабата исхрана се соочуваме со сериозен проблем. Доктор Владо Стрезоски, специјалист ортопед од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо Охридски, вели дека иако деформитетите на рбет кај децата и адолесцентите, најчесто се таканаречените идиопатски сколиози односно сколиози за кои за жал, до ден денес не е откриена вистинската причина за нивно настанување, сепак во никој случај не смее да се занемари импактот кој начинот на живот го има врз децата.

„ Денешниот начин на живеење на младите може да оди во прилог на трендот на зголемување на овие деформитети бидејќи како што сите знаеме младите се денес повеќе пред компјутер а помалку се занимаваат со спорт, можеби и тоа допринесува за зголемување на трендот на деформитетите на рбет.“ вели Стрезоскки.

ucenickaГолем број од родителите, се приморани да изнаоѓаат начини како децата не би морале да го носат на грб овој за нив преголем товар. Се купуваат чанти со тркала кои децата ќе ги влечат на патот до училиште, што пак од друга страна е доплнителна компликација за децата и секако дополнителен трошок за едно домаќинство. Веќе долго време на родителските состаноци по училиштата се дискутира за изнаоѓање можни решенија. Па така во игра се дупли комплети учебници кои би останувале на училиште, но пак од друга страна не сите училишта имаат обезбедено шкафчиња за секое дете. Деформитетите на рбетот во детска и адолесцентна возраст се сериозен проблем, а нивната детекција, важен момент во борбата. Кај нас скрингот и детекцијата кои се прават преку матичните лекари и систематските прегледи во училиштата е повеќе од задоволителен, вели доктор Стрезоски.

Strezoski„ Јас можам да кажам со задоволство дека во нашиот регион и матичните лекари и педијатри и на систематските прегледи, многу деца кај кои постои сомневање дека имаат деформитети на рбет се испраќаат кај нас, каде после направените испитувања им кажуваме дали е потребен третман или не. Јас сум задоволен како нашите матични лекари и педијатри и систематски прегледи се изведуваат и се праќаат во нашата установа“ потенцира Стрезоски.

Според бројните истражувања во светот и кај нас, лошото држење и телесните деформитети кај училишната младина се релативно често затапени и имат тенедениција да прогресираат од помладата  кон постарата училишна возраст. Медицинскиот третман е доста спор и сложен, а кај најтешките случаи може да заврши и со оперативен третман, велат експертите. Овие алармантни податоци, треба да бидат повеќе од доволни, ресорното министерство да најде начин за справување со оваа појава.


{loadposition content9}