Skip to main content

Охрид домаќин на најголемиот самит на прехранбената индустрија во светот

На овој светски конгрес за хигиенско инжинерство и дизајн покрај за овие теми на големо ќе се дискутира и за квалитетот, безбедноста, производството и преработката на храна како во Македонија, така и во земјите од регионов.

 |  Крсте Голабоски  | 
ehedg
ehedg
Првиот Светски конгрес за хигиенско инжинерство, и дизајн во Охрид. На овој научен самит, ќе бидат третирани теми кои се однесуваат на хигиенскиот дизајн и инжинерство како и проблематики кои се однесуваат на квалитетот, безбедноста, производството, и преработката на храна. Проф. Д-р Владимир Какуринов-претседател на Македонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инжинерство и дизајн, истакна дека нашата земја е далеку понапред од земјите на поранешна Југославија, како и од нашиот јужен сосед, Бугарија и Албанија, а и од земји членки на ЕУ како една Унгарија, Чешка, Словачка. Токму затоа овој самит е и голема можност за проширување на хоризонтите на нашите компании за производство на храна.

„Целта е да се промовира хигенското инжинерство и дизајн, додека целта на македонската секција е нашите компании да имаат директен контакт со највиоските луѓе во прехранбената индустрија и на најобар можен начин да ја искористат својата шанса, вели Какуринов.

ehedgКакуринов потенцира дека состојбата со производството и продажба на храна во земјава е добра, но постојат и недостатоци кои се општо познати. Кнут Лоренцен пак, преседателот на Европската групација за хигиенско инжинерство и дизајн истакна дека целта на формирањето на оваа групација и воедно основањето на нејзината македонска подружница е полесно да се направи дистрибуција на искуствата знаењата и информациите кои се однесуваат на сите овие теми, како во нашата земја, така и на земјите од опкружувањето, од кои како што вели Лоренцен, предначиме. А проблемите со кои оваа групација се среќава пак, секаде се исти, потенцира Лоренцен.

„Најголемите проблеми, не само во Македонија туку и во светски рамки е хигиенскиот дизајн во индустријата за произвоство на храна. Сме наишле на голем број пропусти и во високо развиенитеземји, како на пример една германија, кажува Лоренцен.

Лоренцен кажува дека проблемите настануваат уште при самото дизајнирање на производствените линии, бидејќи инжинерите кои треба да внимаваат на хигиенскиот дизајн не се доволно едуцирани во изработката на истиот, бидејќи тој се разликува од мехаичкиот дизајн за кој се едуцирани. На симпозиумот учествуваат повеќе од 220 експерти за храна од 35 земји во светот, како од академската и истражувачкатафела, потоа претставници на голем број компании за производство на храна и секако раководители на агенциите за контрола на квалитетот на истата од неколку држави од регионот.

{loadposition content9}