Skip to main content

Македонците генерално јадат здрава храна

Производителот одговара за квалитетот на производот. Овој светски тренд се применува и кај нас.   Целокупната храна која се увезува и произведува во Р Македнија се контролира од страна на агенцијата за храна и ветеринарство.

 |  Татјана Маленкова  | 
hrana
храна
hranaПроизводителот одговара за квалитетот на производот. Овој светски тренд се применува и кај нас.   Целокупната храна која се увезува и произведува во Р Македнија се контролира од страна на агенцијата за храна и ветеринарство. „Секој увоз и секое производство подлежи на соодветна контрола“, вели директорот за храна и агенција за ветеринарство, Дејан Рунтевски.

„ Се што се пласира во Р Македонија е проверено од страна на инспекторите. Но нормално неможе се да спречите се во 100 %. Можно е да дојде до појава некој неовластено во промет да пушти храна, но затоа сме тука се соодветно да исконтролираме и решиме. Во делот на храната од Јапонија ние години наназад немеме увоз од таму. Но сепак ја пратиме регулативата и постои решение за задолжително испитување на храната која евентуално би дошла од таму. Во тоа решение има и зона меѓународно призната забранета за било кави манипулации, а се би дошло до дополнителни испитувања. Доколку има сомнеж пратките не се пуштаат во промет се додека не се потврди исправноста“, вели директор за храна и агенција за ветеринарство, Дејан Рунтевски.

marketПроф. д-р. Владимир Какуринов професор на ветеринарниот факултет открива дека во Македонија има објективни и субјективни причини за  моменталната состојба. Тој вели дека најпрво потошувачите треба да се свесни кои призводи треба да ги користат, а кои не. Тој додава дека и институциите треба да ги зајакнат институциите кои ги пропишуваат законите како со научни и стручни тимови, така и со инспектори во соодветни области и соодветен број на инспектори кои би контролирале дали храната е добра и дали компаниите работата според светки пропишани стандарди.

„ Проблем имаме онаму каде не работиме.Мене ми е задоволство, што Р Македонија е прва во цела Југоисточна европа која е членка на EHEDG. Далеку сме понапред од земјите на бивша Југославија, од нашиот јужен сосед, понапред од Бугарија од Унгарија, Албанија, Словачка, Чешка“, вели Проф. д-р. Владимир Какуринов  од ветеринарниот факултет.

„Генерално ние сакаме да кажеме дека Македонија е  почиста средина,  но сето тоа треба да се потврди на некој одреден начин, открива Александра Марковска, претставник на консултанска фирма.

organsko„ Она што не е покриено во законот за што производителите неможат да најдат дополнителни информации оваа групација, овие луѓе, овие научници, поточно практичари од полето на безбедноста на храната создаваат правила на игра и на тој начин нашите производители добиваат повеќе информации за да знаат дали работат по стандарди, дали работат во правата насока или не. Секаде во светот сите што произведуваат, праксата е производителот да одговара за квалитетот на производот. Тоа се нови правила, нови трендови“, вели претставникот на консултатнска фирма Александра Марковска.

Во Македонија веќе има закон, што го контролираат производството но и квалитетот на самиот производ. Постојат и законски акти, но и организации на државно ниво кои ја контролираат безбедноста на храната. И покрај ова неможеме во целост да кажеме дека се е 100 % безбедно за јадање, но во споредба со 2003 стручњаците се едногласни дека сега сме на едно многу повисоко ниво, поточно се води кон тоа дека во Македонија се трудиме да произведеме безбедна храна.     

{loadposition content9}