Skip to main content

Летово во Охрид се јадеше се и сешто и тоа секаде

Храна на отворено, не смее да се продава, а уште помалку подготвува децидни докторите по хигиена и здравствена екологија.

 |  Крсте Голабоски  | 
butka za hrana
butka za hrana
butka za hranaСе контролираше ли доволно храната која оваа летна сезона се продаваше низ Охрид и Струга? Сведоци бевме дека пред секоја сезона сендвичари и тезги за продажба на најразлични видови на храна, преку ноќ никнуваа на мал милион локации низ градот, а за портабл продавачите на пченки и костени, да не стане ни збор. Што велат експертите за ваквата ситуација, која со години ни се случува пред очи?

„Значи храна на отворено не е забрането да се продава. Ние ја започнавме таа акција за зелените пазари каде се продава таа храна посебно дел на храната од животинско потекло која важи за најрасиплива да се инсталираат соодветни уреди“ кажа Рунтевски.

butka za hranaДиректорот Рунтевски додава започна инсаталацијата на ваквите уреди кај некои од пазарите во градовите како Скопјје, тетово итн. Д-р. Лидија Симоноска Специјалист по хигиена со здравствена екологија пак, со соема спортивно мислење. Храната која вака се приготвува и продава е целосно небезбедна, зошто притоа во целост се занемаруваат и билошките и хемиските ризици. Ситуацијата на терен застрашувачка.

„Храна од никаков вид на отворено не смее да се продава, а исто така ни на пазариштата. Летово во очи ми падна она што се продаваше на тие настрешници кај Св.Наум. Тоа е страшно“, вели Симоноска.

Д-р. Симоноска вели дека не се внимава ни на тоа што се почесто Угостиелски објекти се градат во близина на прометна улица или паркинг простор. Тоа е недозволиво додава таа. Бројот пак на инспектори кои ја контролираат вакавата состојба е друга приказна. Д-р Симонска потенцира дека само еден инспектор тешко дека може да го контролира Охридскиот регион, кога според правилниците на 10.000 жители потребно е да контролира по еден инспектор. Рунтевски согласен, вели дека Охрид и Струга се места каде дефинитивно фалат инспектори за храна посебно сега  кога храната се контролира на граничните премини и додава дека зголемување на нивниот број ќе има на почетокот на следната година.

{loadposition content9}