Skip to main content

Кој ќе седне на директорските фотељи во охридските основни училишта?

Кој порано, кој подоцна, охридските основни училишта треба да добијат нови директори. Некои директори имаат право на уште еден мандат, но некои веќе го искористиле ова право. Три последователни мандати се спротивни на законот. Па така основните училишта Христо Узунов, Григор Прличев и Братство Единство дефинитивно ги менуваат првите луѓе. Ќе се најде ли кандидат што ќе ги задоволи сите вкусови?

 |  Мишел Наумоски  | 
ou Kliment Ohridski
ou Kliment Ohridski
Охридските основни училишта ги менуваат првите луѓе. Иако во различен период, конкурси за директори ќе има, а за кандидатите ќе одлучуваат градоначалникот Петрески и училишните одбори на четирите основни школи. Ова е тема која предизвикува многу шпекулации, но една работа е сигурна, а тоа е дека основните училишта Христо Узунов, Григор Прличев и Братство Единство ќе добијат сосема нови директори бидејќи постојните ги привршуваат своите втори мандати.
Градоначалникот Петрески задоволен од тоа како досегашните директори ја вршеле својата должност, па посака доколку има можност да им додели и трет мандат, но законот е дециден, три последователни мандати не се дозволени.
Од општината не информираат дека во моментот се започнати постапки за избор на нови директори во четири основни училишта, а се шпекулира со неколку имиња за први луѓе на овие образовни институции. bratstvo edinstvoМожна замена за досегашниот директор на ОУ Григор Прличев, Сашо Ставрески, наводно е наставничка по англиски јазик од редовите на училиштето. Директорката на ОУ Климент Охридски, Славица Илиќ има право на уште еден мандат и е најголем фаворит за функцијата додека во Христо Узунов опциите се и натаму отворени откако досегашната директорка Оливија Јанева Пирузева поднесе оставка, а на функцијата в.д директор застана досегашниот педагог во училиштето, Тодорка Станкоска. Работите се далеку посложени во ОУ Братство Единство. ТВМ и претходно информираше за ситуацијата со основното училиште Братство Единство каде родителите од турска националност бараат новиот директор да биде од нивната етничка припадност. Дали тоа ќе значи дискриминирање на останатите кандидати и дали тоа и досега било случај, ќе оставиме сами да процените.
На конкурсите може да се пријавуваат сите кандидати кои ги исполнуваат бараните услови, па дури се можни ротации и помеѓу самите училишта.

Многу прашања се наметнуваат на оваа тема. Дали градоначалникот Петрески ќе пронајде законска можност за да додели трет мандат на вредните работници или ќе мора да се бараат нови, и дали ќе се најде таков кандидат кој што ќе ги задоволи сите вкусови, ќе оставиме времето да покаже. Но едно е јасно, а тоа е дека има се помалку време за да се направи вистинскиот избор.
{loadposition content9}