Skip to main content

Каде на екскурзија и колку ќе чини?

Средношколските екскурзиите и годинава актуелни. Каде ќе се оди и колку ќе чини, родителите не се на чисто, бидејќи им се соопштува во пет до дванаесет, реагираат дел од нив. Додека пак, директорот на гимназијата Св. Климент Охридски уверува дека се е кристално чисто околу тоа.

 |  Билјана Николоска  | 
gimnazija
gimnazija
Од три понуди за екскурзија во Прага, одбрана најсолената. Охридските средношколците на почетокот на Октомври ќе отпатуваат за Прага во рамките на редовната програма на Општинското Средно Училиште Св. „Климент Охридски“. Дел од родителите на учениците со допис до нашиот медиум реагираат околу постапката со организацијата на екскурзиите. Тие велат дека целата постапка е системско ограбување на родителите и прашуваат зошто секогаш доверба од ракводителите се дава на една иста агенција во случајот посочена е агенцијата Виспој. Првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски, не се согласува со ваквата констатација на дел од засегнатите родители. Тој појаснува дека најважно нешто што треба да го знаат родителите е процедурата за тоа како е дојдено до изборот на агенцијата која го организира патувањето. Рилкоски тврди дека комисијата за екскурзии која е составена од тројца класни раководители а која комисија е одбрана од советот на родителите одлучила тоа да биде агенцијата Виспој бидејќи само таа агенција имала потполна понуда согласно нивните барања.

„Една агенција значи беше отфрлена поради немање доволна документација во однос на правни работи, другата агенција што верувам дека ги интересира родителите беше поевтина за 2 500 денари, меѓутоа во таа понуда немавме кој ќе биде превозник, во кој хотел ќе бидат сместени и немаше понудено ниту еден гратис за да поможиме на загрозените случаи.“-Наум Рилкоски – директор на О.С.У Св.Климент Охридски

Рилкоски вели дека е свесен оти секоја години се соочуваат со разни забелешки, па точно затоа  настапиле со конкретно барање до агенциите. Годинава немале приговор од страна на одбиените агенции, но директорот остави отворен простор доколку било кој родител има забелешка да се обрати до него и на увид ќе му биде доставено се.
„Целосната документација за постапката од самиот почеток до самото одлучување, ни е тука во службата и било кој загрижен родител ако е ова намерно или злонамерно го поканувам да дојде и се тоа ќе му биде прикажано.“-Рилкоски – директор на О.С.У Св. Климент Охридски.

Во дописот на родителите исто така како една сериозна забелешка стои и прашањето  каде завршуваат гратисите, дали нив ги земаат професорите, а децата треба сами да собираат средства за нивните другарчиња кои се социјални случаи? Рилкоски и ова го демантира и уверува оти две години оваа постапка нема допирна точка со професорите. Гратисите се поделени на половина, додава тој.

Rilkoski„Во понудата од агенциите во две немаше воопшто гратиси, во останатата имаше 10 гратиси од агенцијата. И правиме максимални напори 5 доколку има потреба и општината да ни помогне и тие да се поделени на двајца за да може да се помогне на што повеќе деца кои не се во можност. Мене ми е битно да им се заврши работата на сите кои ќе достават социален документ колку се може да се помогне“. -Наум Рилкоски – директор на О.С.У Св.Климент Охридски
Рилкоски очекува дека годинава екскурзијата ќе помине без проблеми. На родителските средби кои биле одржани на почетокот на годината, посебно било наглесено родителите да им укажат на своите деца за постапките пред кои одговараат родителите, како и задолжително децата да имаат биометриски пасош. Инаку, од другите агенции сметаат дека не вреди да се борат во битката за организација на екскурзии, бидејќи истата однапред е изгубена. Дел од агенциите ниту пак добиле барање од страна на охридската гимназија за организација на патување, туку на своја рака доставиле понуда, која била одбиена со образложение дека најповолен понудувач е Виспој. Тие велат дека во нивното долгогодишно искуство со агенциското работење не направиле никаков пропуст, посебно кога се работи за деца, ниту од сообраќаен, здравствен па и безбедносен аспект. Самата понуда за хотел од три звезди и високо квалитетен туристички превоз зборува за доверба које е стекната кај поголем број на побарувачите на услуга.    

{loadposition content9}