Skip to main content

Авантура која мора да се доживее

Нуркачкиот туризам, вистинска летна атракција која и даде белег на овогодинешната туристичка сезона.

 |  Крсте Голабоски  | 
nurkac
nurkac
Апетитите на современиот турист од сезона во сезона растат. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот, со од час во час менливата туристичка побарувачка. Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце. Годиниве побарувачката е ориентирана кон таканаречениот активен одмор во кој максимално ќе бидат ангажирани. Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за активниот одмор во летниот период. Нуркачкиот туризам во вистинска смисла на зборот, кај нас може да се доживее преку НЦ „Амфора“ кои располагаат со сите предуслови за спорведување на овој вид туризам на светско ниво. Годинава интересот ги надмина сите наши очекувања, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот центар.

„Оваа година благодарение на ТА„Фибула“ ни од нуркачкиот центар ни од ТА не се надевавме дека ќе има толку заинтересирани за нуркање. Но, ако направиме една ретроспектива на се она што се случуваше пред да дојдат овие туристи, 15 дена има еден подводен фотограф од едно доста познато списание, нуркачко списание од Холандија кое се дистрибуира и во околните земји“ задоволно вели Секулоски.

nurkacПотоа нуркачките услуги влегоа во програма и на т.а  „Корендон“ и на т.а. „Фибула“, вели Секулоски. Така да туристите почнаа да доаѓаат, со претходно сознание дека можат да направат нуркање во Охридското езеро. Што е уште подобро сите оние кои пробале да нуркаат во Охридското езеро, заминуваат со импресии задоволни од она што го виделе под вода. Н.Ц „Амфора“ е лиценциран меѓународен центар, што значи дека има меѓународна лиценца за да работи. Исто така има најмалку еден лиценциран инструктор со лиценца и меѓународно осигурување и може да врши обука и да носи туристи на нуркање.Но законите не секогаш се почитуваат, диви нуркачи и нуркања сеуште има, потенцира Секулоски.

„Сведоци сме дека постојат голем број нуркачи кои надвор од она што значи закон и правила во нуркањата ги игнорираат и сведоци сме на луѓе кои одат од многу разни причини. Прво крадење на подводно културно наследство, девастирање на рибниот фонд и луѓе кои воопшто не прашале дали може да се направи едно квалитетно нуркање, зошто тие знаат дека странци дека во нивната држава не можат да нуркаат покрај воени објекти, вили на претседатели или на места каде се забранети како национални паркови“ потенцира Секулоски.

Н.Ц „Амфора“ располага со триесетина комплети орпема, видеокамери, подводни апарати, маски за подводна комуникација, и сите нешта потребни туристот да се запознае со подводниот свет на Охридското езеро. Покрај лиценцирани инструктори, на центарот на располагање му е хипербаричната комора.Уживањето во езерските и морските длабочини е уникатно, а човекот по природа е радознал, па интересот за туристичкото нуркање, или како што поточно се вели скуба дискавери, во иднина во никој случај нема да се намали.


{loadposition content9}