Skip to main content

Облека за секој средношколец во охридската гимназија

Во дел од охридските образовни центри од годинава се вовоедува одлука, за задолжително носење на унифицирана облека. Но постојат и училишта, кои пробаа да ја имплементираа оваа одлука, но истата, за кратко време неславно заврши.

 |  Билјана Николоска  | 
ucenici
ucenici
gimnazijaСе што се почнува треба да се заврши. Оваа учебна година по барање на родителите, учениците во охридската гимназија ќе носат унифицирана облека. Одлуката е конечна и помината низ сите филтри. Таа е едногласно усвоена на наставнички совет како и на совет за родители, а сега се дискутира за цената која изнесува 1900. Дел од родителите на учениците реагираат на според нив вака висока цена. Првиот човек на О.С.У. Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски, вели дека очекувани се реакциите по однос на ова прашање, но дека сепак постојат одредени правила на игра каде се вклучени сите релевантни страни.
Брендот на гимназијата и унифицираната облека нема да е карактеристичен само за учениците. Во тој амбиент се вклучуваат и професорите. Рилкоски вели дека и тоа има голема поддршка од сите фактори кои одлучуваат.
RilkoskiРилкоски вели дека се ова се прави за да се зачува имиџот на гимназијата и дека во догледно време ќе се почуствуваат позитивните ефекти. Сепак времето ќе покаже додава тој. Инаку што се однесува до постапката за набавка на униформи се е транспарентно и отворено, потенцира директорот. Сите родители можат да имаат увид во сите записници и одлуки по однос на ова прашање кои се едногласно е усвоени. Плаќањето на униформите е на две рати и рокот е до 5 ти октомври, а после тоа носењето на облеката станува задолжително. Има попуст кај социјално загрозените деца. Облеката за учениците ќе ја изработува фирмата Ромина, како најповолен понудувач. Наспроти оптимистичките најави и гледање на Рилкоски во врска одлуката за задолжителна облека на учениците, во некои од основните училишта падна во вода. На пример во ОУ Христо Узунов три години учениците носеле унифицирана облека, но од минатата година оваа пракса е прекината. Од годинава и во О.У Григор Прличев прифатена е иницијативата за задолжително носење на облека која чини 1550 денари со можност  на плаќање на три рати, додека пак во О.У. Св. Климент Охридски сеуште се размислува околу тоа.


{loadposition content9}