Skip to main content

Продолжението на 39- та седница на советот во понеделник

Годишните програми како и годишните извештаи за финансиското работење на основните училишта, тема на денешната седница на Советот на општината.

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica
sednica

sednicaПоловина успешно реализирана седница на совет. Во содржината на дневниот ред на 39-то издание на седницата на советот, доминираа предлог одлуките за усвојување извештаи од материјално-финансиското работење на основните училишта, како и предлог одлуки за усвојување на годишните програми за работата на истите. Советниците задоволни од извештаите за материјално-финансиското менаџирање со овие образовни институции, во пакет ги изгласаа предлог одлуките кои се однесуваа на тоа. Советниците брзо одлучија и во корист на предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во подрачните училишта.

Сепак, после подолга координација, седницата беше прекината, во корист на двете останати точки од 38-та седница од минатиот месец и итноста од нивно донесување. Станува збор за предлог одлуката за започнување на постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавното и улично осветлување на општина Охрид и предлог одлуката за утврдување НДУП вон населено место –Св.Еразмо за 2011-2021. Оваа предлог одлука произлегува од иницијативата на Владата на РМ односно Агенцијата за странски инвестиции за влез на странски капитал, поддржана од Општина Охрид, која се јавува како нарачател, заради изградба на болничкиот комплекс, во корелација со насоките на просторниот план на РМ и основниот урбанистички план на крајбрежниот простор на О.Охрид. Корисрењето на просторот ќе биде чисто наменски, потенцира архитектот Соња Финдишева.

Намената на овој простор е изградба на јавни институции, односно класа на намена здравствено-социјална заштита“ објаснува Финдишева.

ndupФиндишева објасни дека објектот кој ќе се гради ќе биде со димензии П+5, и за три метри повисок од Центарот за трауматологија во чија близина ќе се гради. Финдишева додава дека со нејзиното спроведување односно би дошло до влез на странски инвестиции и капитал на ниво на О.Охрид, што секако би резултирало со подобрување на животниот стандард на населението, вработеноста во општината, и би се развил здравствениот туризам и слично, додава таа. Дневниот ред на денешната седница беше збогатен со предлог одлуката за усвојување на елаборат за проценка на штетата од пожарот во август месец годинава, но за нејзиното продолжение во понеделник, останаа точките кои се однесуваат на кредитното задолжување на новото ЈП „Градски гробишта“ за условите и начините на одведување со урбани отпадни води, и предлог одлуката за утврдување на НУ планска документација за вон населено место Лагадин, Пештани. Во понеделник е закажано и продолжението на 35-та седница на советот.

{loadposition content9}