Skip to main content

Денови на Коста Абраш

Познатиот поет Коста Абраш е човекот кој оставил белег и во македонската и во српската литература. Во чест на неговиот лик и дело, во Охрид, утре и задутре, се одржува манифестацијата „Денови на Коста Абраш“.

 |  Билјана Николоска  | 
denovi na kosta abrash
Денови на Коста Абраш

Оваа манифестација по втор пат се одбележува во Охрид, во чест на големиот литературен деец Коста Абраш. Организатор е здружението за македонско-турско- српска соработка, заедно со Н.У. Библиотека „Григор Прличев“. Годинава, на овој настан се дава голема тежина, вели Здравко Ратајкоски од здружението на македонско-турско-српска соработка, кој воедно ја презентира и агендата на програмата по повод одбележувањето на „Деновите за Коста Абраш“.

Kosta Abrash spomenikНе случајно за Коста Абраш се зборува дека е македонско српски писател, кој за својот краткотраен живот постигнал многу, вели поетесата Маринела Јовановиќ. Таа додава дека од срце ја поддржала иницијативата на младите од здружението да се направи манифестација во негова чест, на која, според неа, треба да и се придаде поголема важност и да прерасне во многу поголем настан, бидејќи се работи за личност која оставила голем белег кај двата народа.

Мора посериозно да се пристапи и програмски и организаторски за подостојно да се одбележи оваа манифестација, вели Тодор Илиевски, директор на охридската библиотека. Тој додава дека треба да се вклучат и гостите од Србија, посебно од Шабац.

Оваа манифестација е поддржана од голем број македонски, како и од турски поети. Годинава покрената е иницијатива за изградба на спомен соба на Коста Абраш во неговата куќа во Охрид, која иницијатива треба да се предаде до Министерството за култура на Македонија и на Србија. Поддршка за оваа иницијатива веќе има од страна на српското министерство за култура, вели Ратајкоски од македонско-турското-здружение. Воедно, доколку се направи спомен соба на Абраш, таа би била добредојдена во туристичката понуда за општина Охрид, посебно за гостите од Србија кои се едни од најбројните туристи на ова тло.

 {loadposition content9}