Skip to main content

ЈП „Градски гробишта“ бара долгорочен кредит

Уште едно барање за кредитно задолжување на јавно претпријатие. ЈП „Градски гробишта“ побара 60 000 евра за тековни инвестиции. Ставот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ-јасен, кредитните задолжувања се поради неразумно работење и избрзани одлуки. Градоначалникот Петрески во одбрана на предлог одлуката за кредитно задолжување, вели овие кредити се потребни само додека новите јавни претпријатија застанат на свои нозе.

 |  Мишел Наумоски  | 
jp gradski grobishta
jp gradski grobishta

sednica na sovetЕдно од најинтересните прашања на денешната 39 седница на Советот на општина Охрид беше секако предлог одлуката за кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“. Кредитот во висина од 60.000 евра наменет за тековни инвестиции не наиде на одобрување кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Како и кај сите досегашни предлози за задолжувања на јавните претпријатија, советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие се непотребни и неоправдани и дека се резултат на избрзани одлуки на локалната самоуправа.

„Мислам дека како претпријатија што имаат монополска позиција на пазарот е недозволиво да побаруваат финансиски средства преку кредитни линии. Ние уште при формирање на јавните претпријатија, ние, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажувавме на фактот дека нивното формирање се прави врз основа на недоволно направени финансиски анализи за финансиската одржливост на самите претпријатија, а воедно и обврските кои што ги имаше матичното претпријатие од кое што произлегоа самите нови јавни претпријатија, не си ја извршило обврската која што ја имало спрема новите јавни претпријатија со префрлањето на финансиските средства, односно тој баланс кој што требало да биде направен не е направен на начин кој што би им овозможил да функционираат.“ –вели Јованка Дамоска-Советник-ВМРО-ДПМНЕ.

gradski grobishtaДамоска потенцираше дека проблемите во јавните претпријатија, пред се „Нискоградба“, „Проаква“, а сега и „Градски гробишта“, се повеќе од очигледни. Таа вели, нивното работење мора да биде преиспитано и доколку е потребно, да се изврши нова реорганизација на истите. Како главен виновник за овие проблеми, Дамоска ги посочи избрзаните одлуки на локалната за формирање на овие нови јавни претпријатија, но и нивното недомаќинско работење. На ова, со свој став излезе и градоначалникот Петрески.

Niskogradba„Не може да се работи недомаќински ако дотогаш тие претпријатија работеле во склоп на една фирма која броела 500 луѓе, а сега фирмата брои 100 луѓе, сигурно подомаќински се работи и многу повеќе се работи и многу повеќе средства вртат како посебни претпријатија отколку во склоп на претпријатијата во кои што беа. Се работи само додека се надминат почетните проблеми, верувајте тоа е како едно мало дете додека да почне да оди, тешко заодува ама потоа многу брзо започнува да трча.“-рече градоначалникот Петрески.

На обвинувањата дека во овие јавни претпријатија неосновано се трошат високи суми на пари за телефонија и репрезентации, градоначалникот Петрески вели дека износот на тие средства не е ништо поголем од времето кога се работеше за едно матично претпријатие, но додаде дека лично тој е против високи трошоци за телефони и репрезентации во еден ваков кризен период. Петрески со уверување дека неколкуте јавни претпријатија во Охрид за брзо време ќе станат едни од најстабилните претпријатија во градов.

{loadposition content9}