Skip to main content

Се закопаа секирите околу доизградбата на колекторот

Градоначалниците на Охрид и Струга го направија незамисливото. Се сретнаа со министри од владата и имаа конструктивен разговор. Но не само тоа.

 |   | 
Petreski i merko
Петрески и Мерко

Градоначалниците на Охрид и Струга го направија незамисливото. Се сретнаа со министри од владата и имаа конструктивен разговор. Но не само тоа. На овој состанок со министрите за финансии, Ставрески и за транспорт и врски, Јанакиески постигнаа согласност околу доизградбата на колекторот. Владата со идеја средствата добиени од кредитот на Светска банка за изградба на нови канализации и водоводи да се пренаменат за колекторот. Ваквата идеја наиде на одобрување кај Петрески и Мерко. Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, прашањето на колекторот е едно од најважните прашања не само за езерото и градов, туку и за целата држава. Доизградбата на колекторскиот систем и завршувањето на фамозната втора фаза од неговата конструкција ќе ангажираат сума од околу 13 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени со заедничка акција на општините Охрид и Струга, Владата на Република Македонија како и средства од европските фондови. Покрај за доизградбата, овие средства ќе бидат искористени и за потребните реконструкции, поправки и ревизии, нешто што после 20 години функционирање сигурно добро ќе му дојдат на колекторскиот систем.

{loadposition content9}