Skip to main content

Нема алкохол после 19 часот

Од утре стапува на сила одлуката за намалување на периодот во кој е дозволено купувањето на алкохолни пијалоци. Временскиот интервал за купување на алкохол во текот на летните месеци беше продолжен до 21, а со оваа одлука повторно се враќа на 19 часот.

 |  Мишел Наумоски  | 
alkohol
alkohol

alkoholПочнува зимското сметање на времето ама за продажбата на алкохолни пијалоци.  Одлуката за повторно да се врати старото ограничување стапува на сила од утре. Во текот на летните месеци забраната за продажба на алкохол важеше од 21 часот за сите трговски објекти кои имаат важечка лиценца за продажба на алкохолни пијалоци. Во текот на изминатово лето, вршени се континуирани контроли. Началникот на пазарниот инспекторат во Охрид, Ѓорѓи Бошалески вели дека генерално гледано оваа забрана се почитувала, а биле изречени само мал број на казни.

„Тие што беа затекнати без да поседуваат лиценца им беше изречена глоба во износ од 3000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното лице во правното лице. Значи во вкупен износ од 3500 евра кон сите тие субјекти така да повторувам уште еднаш, секој оној што ќе врши продажба на алкохолни пијалоци после 19 часот еве уште еднаш повторувам ќе биде санкциониран од страна на пазарните инспектори, значи ние континуирано и редовно ги правиме таквите контроли.“-вели началникот на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалески.

Бошалески додаде дека измените и дополнувањата на Законот за трговија се на место и дека апсолутно треба да се продолжи со примената на одлуката ограничување на временскиот интервал во кој може да се купи алкохол, не само во летниот период туку и во текот на целата година.

alkohol„Мое мислење, а и од пракса она што го имаме констатирано на терен по влегување на сила на ваквите измени и дополнувања на законот за трговија беше наведено дека субјектите треба да имаат лиценца и забраната за продажба на алкохолни пијалоци на бензиските пумпи има голем ефект. Значи малолетниците имаа особено допир до алкохолните пијалоци во ноќните часови, особено на бензиските станици така да сега таа слика ја нема.“-рече Бошалески.

Малолетниците како најранлива категорија кога станува збор за конзумирање на алкохолни пијалоци се една од главните таргет-групи на измените на Законот за трговија. Со последните дополнувања, драконски се казните за продажба на алкохол на малолетни лица, и изнесуваат од 7 до 8000 евра во денарска противвредност. Па малку ќе се замислите следниот пат кога малолетник ќе ви дојде на каса со шише пиво.

{loadposition content9}