Skip to main content

Наставникот престанува да биде наставник, кога ќе престане да учи

Општа слика која се прикажува за образованието во Македонија е дека квалитетот на истото е драстично намален. Сепак, дополнителни истражувања се потребни за да се утврди дали ова е навистина точно, велат експертите.

 |  Крсте Голабоски  | 
kongres za obrazovanie
kongres za obrazovanie
kongres za obrazovanieЗа наставниот кадар важи една максима, а тоа е дека наставникот престанува да биде наставник, кога ќе престане да учи. Со имплементацијата новите динамични проекти во образовен процес, се појавуваат и првите проблеми.Училиштата и универзитетите во Македонија веќе извесен период се обидуваат да се адаптираат и осовременат за да излезат во пресрет на динамичните промени на образовниот процес. Проф-.Д-р Владо Тимовски , декан на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски од Скопје кажува дека, „Ние чекор што мора да следиме, ќе следиме, но последните години во образовниот систем на РМ се практикуваат повеќе проекти кои внесуваат одредени новини, особено проектите кои се однесуваат на методиката.Но, тука се јавуваат и првите проблеми.

timoski„Наставата станува по динамична, меѓутоа има и одредени проблеми. Малку како, наставниците се жалат дека се повеќе оптеретени, дека имаат  достра администрирање итн. Меѓутоа во секој случај настапи една динамика во училницата, која како да го тера наставникот повеќе да работи и повеќе да се подготвува“, вели Тимовски.

Сепак, општ впечаток е дека реализацијата на голем број од проектите во образованието во Република Македонија тешко поминуваат поради фактот
што наставниот кадар тешко се адаптира и ги прифаќа новите методи и технологии. Иако тој отпор на почетокот беше многу поизразен, во последно време гледам дека и повозрасните се адаптираат и ги користат тие современи средства и помагала, меѓутоа со голема помош од младиот кадар, вели деканот на педагошки факултет од Скопје. Додава дека сега моеже да се констатира дека проекти со успех се реализираат и селските училишта, каде климата за работа е посебна.

„Особено во создавањето на таа училишната култура, па и училишна клима за работа. Не секаде и сите училишта се подготвени да го фатат тој тренд. Меѓутоа бидејќи јас од поодамна го следам тоа, може да се рече дека полека полека тие процеси навлегуваат и во сите училишта и во селските средини итн,“ додава Тимовски.

За оваа и голем број други актуелни прашања во образовната практика, деновиве ќе стане збор на Шестиот Меѓународен конгрес за образование. Темата на конгресот е современото општество и образованието. Станува збор за мошне актуелна релација како од социолошки, така и од други аспекти. Покрај Педагошкиот факултет од Едрење Турција, Педагошкиот универзитет од Стара Загора и Педагошкиот Факултет од Скопје, учествуваат и преставници на  и Учителскиот факултет од Загребачкото свеучилиште. На конгресот пријавени се околу 300-400 научни трудови кои ја третираат проблематиката на образовниот процес.

{loadposition content9}