Skip to main content

Се тресе третиот ешалон

Промените почнаа. Кадровската политика на ВМРО – ДПМНЕ за промена на кадри во Охрид, започна од Библиотеката „Григор Прличев“. Александра Белеска е нов директор на оваа установа на местото на Тоде Илиевски чии што мандат беше пред истек.

 |  Билјана Николоска  | 
трка
трка

Истечен е и мандатот на директорот на Хидробиолошкиот завод на Охрид, Гоце Костоски. Оваа природно научна установа скоро две недели остана без потписник. Како можен кадар кој ќе го замени Костоски според наши блиски извори е д-р Сузана Патчева, но за тоа допрва треба да одлучи Научниот совет при Министерството за наука и образование под чии што ресор спаѓа оваа институција. Исто така за нецел месец истекува мандатот и на првиот човек на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, кој пак отпочна капителни проекти за да го заживее паркот. Дали Ангелоски ќе продолжи да директорува набрзо ќе се знае.

Најсензибилниот сегмент кога станува збор за кадровските  промени во општина Охрид се четирите здравствени институции. Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека ќе настанат големи промени на ниво на Македонија.  Според гласините кои се однесуваат на директорските позиции во охридското здравство единствено е загарантирана позицијата на актуелниот директор на Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“, Др Никола Бакрачески, а за директорите во останатите три здравствени институции сеуште не се знае дали повторно ќе ја добијат довербата од Владата.

Со ваквите кадровски промени, наводно, би се амортизирало се’ поголемото незадоволството во базата – поради неисполнети амбиции на поединци и поради одредени персонални решенија и би се обезбедила поголема кохезија во партијата. Истовремено, власта би манифестирала ажурност и самокритичност во период кога државата ќе се соочи со нови предизвици што би можеле да бидат вовед во предвремени парламентарни избори, велат високо партиски извори.

{loadposition content9}