Охридските сопственици бесплатно ги вакцинираа домашни миленици од беснило
Во Охрид за само неколку часа бесплатна вакцина против беснило добија 30-тина домашни миленици. Акцијата се спроведуваше во рамките на кампањата „Здрави животни, здрави луѓе“ под покровитество на ЕУ и Агенцијата за храна и ветеринарство, а во соработка со локалните ветеринарни амбуланти и општините.
vakcina besnilo
По 10 години во Македонија се регистрирани случаи на беснило кај две лисици и два волка. Минатата година, пак, беснилото беше карактеристично за повеќе земји од Европа. Главен преносител на вирусот е лисицата. Болеста се пренесува преку плунка на заразено животно и преку гребнатина, за потоа вирусот да се внесе низ централниот нервен систем и предизвикува воспаление на мозокот. Најуспешен метод на заштита од беснилото се смета вакцината. Вакцинацијата кај кучињата и мачките е многу важен сегмент за заштита и спречувње на пренос на вирусот кај луѓето. Со денешната акција Македонија првпат годинава зеде активно учество во одбележувањето на Светскиот ден на борба против беснилото – 28 Септември.
{loadposition content9}