Skip to main content

Смешко за добра, муртенко за лоша услуга во јавните служби

Проектот „Семафор“ ќе се имплементира во сите јавни институции. Малата направа со три сликички на насмеано, сериозно и намуртено лице треба да биде основа за напредок во работата на административците. Со притискање на едно од трите копчиња, ќе одлучите дали сте задоволни или не сте задоволни од услужливоста на службеникот.

 |  Мишел Наумоски  | 
smajli
smajli
semaforСмешко за добра, муртенко за лоша услуга. Вработените во јавната администрација секојдневно ќе бидат оценувани од граѓаните за тоа како ја извршуваат својата работа. Малата направа со трите сликички  со насмеано, сериозно и намуртено лице иако изгледа како играчка за деца, сепак од неа ќе зависи дали јавниот административец ќе напредува во својата работа, а за тоа како најзасегнати ќе одлучуваат токму граѓаните.

„Тој проект е повеќе пати објавен во медиумите. Во четири институции се уведува уредот каде што се пилотираат моментално предностите и негативностите на ваков уред, да видиме граѓаните колку се задоволни од услугата која што ја добиваат од институциите. Од последната анализа што ја имаме направено отприлика 80 % од граѓаните се задоволни има делумно и што не се задоволни и тоа најчесто доколку нивниот предмет не е решен на време.-рече Министерот за информатичко општество-Иво Ивановски.

Последна институција што доби такви уреди на шалтерите е Фондот за здравство, 14 на број, со што во државната управа има вкупно 60 шалтери што функционираат на овој начин. Оценките што ги добиваат вработените ќе влијаат врз нивниот статус, но дополнително ќе се прецизира што ќе значи тоа, односно какви награди и привилегии би добивале тие со најмногу насмеани лица, а какви казни оние што намуртиле најмногу клиенти.

semafor„Се воведува еден ваков систем каде што кажав граѓаните ќе можат и преку интернет да оценуваат доколку некои од нив не се чувствуваат комотно да оценат пред службеникот, можеби му е пријател, можеби му е роднина, можеби не ни сака да го видат другите како ќе ги оцени. Кога ќе се врати дома да има едно свое бројче, со кое бројче ќе може да идентификува услугтата која што била издадена од институцијата и да се идентификува оној кој што работеше на тој шалтер па после тоа раководното лице кога ќе го прави оценувањето два пати годишно ќе ги има во предвид сите овие објективни индикатори со цел да може објективно да го оцени.“-додаде министерот Ивановски.

Во моментов, покрај Фондот за здравство, смешкото го има и во Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар и Централниот регистар. Со завршувањето на овој проект, оваа направа ќе ја има во сите јавни служби низ земјава.

Се наметнува прашањето дали корисниците на услуги знаат што треба да оценуваат и дали можеби е потребно упатство за употреба на „смешкото“. Колку објективно ќе бидат оценувани административните работници и дали малото насмеано лице навистина значи добро извршена услуга е сепак многу тешко да се процени.

{loadposition content9}